СЕГА - Коалиција на младински организации
Централна канцеларија
Бул. Маршал Тито 112е,
7500 Прилеп, Македонија
Тел.: +389 48 437 928
Факс: +389 48 429 390
Е-маил: sega@sega.org.mk
Веб: www.sega.org.mk
Иницијативата за формирање на Коалиција на младински организации беше покрената од страна на Младински Совет - Прилеп и две партнер - организации за аплицирање и имплементација на проектот «Младински Национален Акционен План». Како продолжение на започнатиот процес, Коалицијата на Младински организации «СЕГА» неформално е формирана на 20 Јануари 2004 година со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на РМ и да помогне во исполнување на потребите на младите. На 27 Септември 2004 година е донесена одлука за формално регистрирање на Коалицијата како здружение на граѓани.
Членството на Коалицијата го сочинуваат 22 полноправни и 6 придружни организации - членки.
Управувачката структурата ја сочинуваат следниве органи:
Собрание - составено од сите членки;
Управен одбор - составен од 7 претставници од организации полноправни членки;
Надзорен одбор - составен од 3 членови.
Извршната структура е организирана во Централна канцеларија со седиште во Прилеп и 4 регионални канцеларии во: Штип, Охрид, Тетово и Скопје.
Коалицијата на младински организации “СЕГА” континуирано работи на застапување и лобирање на полето на младинската политика во РМ, ги поврзува и јакне младите со цел подобрување на нивната општа состојба.
СЕГА е одржлива и развиена младинска фондација која делува на локално, национално и регионално ниво, долгорочен и сериозен партнер во имплементација на младински програми заедно со младите, НВО-и, државните институции и бизнис - секторот.
Нашето делување доведува до подобрена општа состојба на младите, нивна вклученост во донесување одлуки и примена на законски регулативи.
Нашиот успех се препознава во промовирањето на младите како ресурс во општеството, спремни да одговорат на новите предизвици.
Меѓусебна поддршка;
Волонтерство;
Промовирање на младите како ресурс;
Младински активизам;
Младинска партиципација;
Транспарентност;
Демократија, меѓусебна доверба и соработка;
Организирање и вклучување на младите;
Развој на заедниците;
Информираност;
Застапување и лобирање за младинска политика.
Младински Национален Акционен План - Период на реализација: Декември 2003 - Септември 2004
Главни активности: Организирање на 3 младински форуми и 15 трибини со цел за идентификување на потребите и проблемите на младите и нивно адресирање во Драфт Национална Стратегија за Млади на Р. Македонија.
Креирање на Младинска политика - Период на реализација: Март - Мај 2004
Главни активности: Организирање на 10 тркалезни маси со цел за вклучување на локалните засегнати страни.
Дијалог со младите - Период на реализација: Мај - Јули 2004
Главни активности: Организање на 50 младински работилници на теми: образование, здравство, вработување, младите и криминалот и младите како граѓани.
Конференција за Младинска политика во ЈИЕ - Период на реализација: Септември - Декември 2004
Главни активности: Размена на искуства и придонес во развојот, донесувањето и имплементирањето на младинските политики во ЈИЕ.
Промоција на Младинска политика - Период на реализација: Март - Мај 2005
Главни активности: Организирање на 10 тркалезни маси за промоција на Националната Стратегија за млади на Р. Македонија.
Јакнење на капацитетите на коалиција СЕГА - Период на реализација: Мај 2005 - Јуни 2006
Главни активности: Обуки и консултации.
Дебатирање за Националната стратегија за млади - Период на реализација: Октомври - Ноември 2005
Главни активности: Организирање на 4 дебати и 6 работилници во регионалните канцеларии на коалицијата.
Централна канцеларија
Бул. Маршал Тито 112е,
7500 Прилеп, Македонија
Тел./Факс: +389 48 437 928; 48 429 390
Е-маил: sega@sega.org.mk
Веб: www.sega.org.mk
Регионална канцеларија Тетово
Ул. Љубо Божиновски бр. 82
1200 Тетово, Македонија
Тел./Факс: +389 44 344 360
Е-маил: segate@sega.org.mk
Регионална канцеларија Охрид
Ул. Туристичка бб
6000 Охрид, Македонија
Тел.: +389 46 252 925
Е-маил: segaoh@sega.org.mk
Регионална канцеларија Скопје
Ул. Стрезово бр. 7
1000 Скопје, Македонија
Тел./Факс: +389 2 3099 385
Е-маил: segask@sega.org.mk
Регионална канцеларија Штип
Ул. Васил Главинов бр. 20
2000 Штип, Македонија
Тел.: +389 3 382 356
Е-маил: segast@sega.org.mk
Географска Распространетост