Целта на оваа активност е да се дефинираат елементите на материјалното и не-материјалното наследство кои би можеле да придонесат за територијалниот развој. Темата на оваа работилница е «овчарството» меѓутоа осврнувајќи се воопшто, кон цело природно и културно наследство на територијата на Берово.
Практика на попис и вреднување на културнто наследство
Организатор :
Вештина и откривање (Savoir Faire et Découverte)
Центар за Институционален развој ЦИРа
Партнери :
Општина Берово
Регионален Центар за етнолошка и техничка култура на Долна-Нормандија (Crécet)
Универзитет на Скопје : Архитектура, Етнологија
Од 29 јуни до 4 јули 2009 година во Општина Берово ќе биде реализирана работилницата «Размена на искуства во врска со инженерството на културното наследство во Македонија» организирана од страна на Центарот за институционален развој - ЦИРа, Savoir Faire et Découverte од Франција. Оваа работилница се одржува во рамките на проектот за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот Долна Нормандија од Франција, координиран од страна на Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) од Стразбург.
На работилницата ќе земат учество студенти по архитектура и етниологија од Франција и од Македонија како и 6 експерти за културно наследство од овие две земји и тоа од Факултетот за архитектура и Факултетот за етнологија од Скопје како и Центарот за етнологија од Долна Нормандија.
Целта на оваа активност е да се дефинираат елементите на материјалното и не-материјалното наследство кои би можеле да придонесат за територијалниот развој. Темата на оваа работилница е «овчарството» меѓутоа осврнувајќи се воопшто, кон цело природно и културно наследство на територијата на Берово.
Во прилог се наоѓа детална агенда на настанот како и методологијата за работа. Активностите од оваа работилница можете да ги следите на фрацуски јазик на следниот блог: http://inventaire-culturel.over-blo... .
За повеќе информации слободно обратете се до:
Александар Јовановски, Координатор за обуки во ЦИРа
aleksandarj@cira.org.mk, 2 3114-855 и 070/364-008
Срџан Амет, Соработник на Програма во ЦИРа
srdzant@cira.org.mk , 3114-855 и 070/364-005
Работна тема «овчарството»
Темата треба да овозможи трансверзален пристап кон наследството и кон активностите (вклчувајќи ги и нивните современи димензии) во регионот на Берово : природно наследство и пејзажи, познавања за природата, архитектура, техничко наследство и вештина, културно наследство.
Приодот кон темата ќе биде воден околу три или четири предмета, според важноста и природата на работните групи кои би се конституирале.
Организација и практики на одгледување;
Архитектура и живеалиште;
Земјоделско-прехранбени производства и потрошувачки (сирење, гастрономија,...);
Вештина и занает.
За секој од овие предмети, потребно е да се оценат :
Потенцијалите на наследството,
Условите на одржување,
Социо-економските услови на активноста,
Капацитетот на придонесуваwе во културниот и туристичкиот развој.
Финални цели :
Да се откријат елементите на туристичка и културна политика кои се потпираат врз валоризација на наследните и хуманите потенцијали со спроведување на акции, на краток, среден и долг рок :
за да се валоризира наследството пред посетителите,
за да се поттикнат економските активности,
за подобро да се познава наследството и да се фаворизира неговото присвојување од локалното население,
за да се зачува потенцијалот низ една перспектива на одржлив развој,
за да се поврзат економските, научните и културните актери кои можат да придонесат во спроведувањето на оваа политика.
План на одвивање на активностите
Понеделник 29 јуни
Остварување на контакти, официјални средби
Воведен семинар (претставување и филозофија на проектот, организација и методологијата, создавање на работните групи...)
Продлабочено претставување на општината на Берово (историски елементи, социо-
економски карактеристики, теми на развој).
Посета на теренот
Вторник 30 јуни – Четврток 2 јули
Работа во група (секоја група ќе биде задолжена со посебна тема).
Средба за синтеза, секоја вечер.
Петок 3 јули
Семинар : изработка на синтеза (ако е можно, со учество на вработените од општината засегнати за темата)
Вечерта (или сабота наутро): претставување на јавноста (општина, социо-економски и културни актери, сретнати лица)
Македонија има преживеано потресна историја. Граница меѓу Истокот и Западот, под турска окупација цели 5 века, интегрирана во поранешна Југославија, конечно ја доживеа својата независност во 1991. Мултиетничка, многуверска, оваа мала земја (едвај два пати поголема од регионот Долна Нормандија) сочинува терен за особено интересно откривање и изучување за сите оние кои се интересираат за Балканот и за културите ширум светот. А претставува и изборна дестинација за љубителите на недопрената природа.
Ви предложуваме да се нурнете во светот на анализа на културното наследство, во контекст кој е истовремено и друштвен и професионален.
Откако се разви една методолошка чувствителност со етнолозите од Crécet [1], вие ќе учествувате, групно (македонци/французи) на лоцирање и анализа на предностите на културното наследство во македонски села.
Средба со жителите, набљудување на терен, средба со избраниците, со локалните актери и жители... оваа акција е оригинален начин да се открие една нова култура во еден друштвен контекст со професионална содржина.
Резултатите на оваа размисла треба подоцна да им овозможат на избраниците да ги дефинираат или да ги прецизираат проектите соодветно на туристичкиот и културниот развој на природното наследство.
Една вечер во Каен во есента 2009 ќе им дозволи на пријателите, родителите и на сите љубители, да ја видат оваа авантура во слика, да дебатираат за врските меѓу вреднувањето на културното наследство на територијата и политиките за траен локален развој.
Практични информации
Број на учесници :
Максимум петнаесеттина на 2 или 3 различни места (половина учесници од Македонија, половина од Долна Нормандија)
Јазик :
Француски –пожелно е прилично добро познавање на англискиот јазик
Материјални услови:
Ако имата меѓу 20 и 29 години [2] и доколку престојувате во Долна Нормандија, ќе ви биде побарано материјално учество од 295 € [3] за таа недела.
Вклучено : сместување и храна, патот тргнувајќи од Париз [4], трошоците за обука и за научното придружување од страна на професионалци.
Информации и запишување :
Лудивин Ситајеб (Ludivine Sitayeb) /Арно Троле (Arnaud Trollé) на +33 2 33 66 74 67
contact@lesavoirfaire.fr
Организирана операција во рамките на децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и република Македонија, која е финансиски поддржана од Регионалниот совет на Долна Нормандија и министерството за внатрешни работи
Вештина и откривање
La Caillère - 61100 La Carneille
Тел. +33 2 33 66 74 67 или +33 820 820 186
-
[1] Centre Régional de Culture Etnologique et Technique de Basse-Normandie Регионален центар за етнолошка и техничка култура од Долна Нормандија РЦЕТК
[2] За другата јавност, контактирајте не нас или одете на лице место www.lesavoirfaire.fr.
[3] Бројот на места е ограничен
[4] Релација Париз-Скопје повратна карта за авион со редовна врска – за датумите на заминување и пристигнување, контактирајте не нас.