Од 29 јуни до 4 јули 2009 година во Општина Берово се реализираше работилницата «Размена на искуства во врска со инженерството на културното наследство во Македонија». Целта на оваа активност беше да се дефинираат елементите на материјалното и не-материјалното наследство кои би можеле да придонесат за територијалниот развој. Тема на оваа работилница беше «овчарството».
Практика на попис и вреднување на културнто наследство
Организатор :
Вештина и откривање (Savoir Faire et Découverte)
Центар за Институционален развој ЦИРа
Партнери :
Општина Берово
Регионален Центар за етнолошка и техничка култура на Долна-Нормандија (Crécet)
Универзитет на Скопје : Архитектура, Етнологија
Од 29 јуни до 4 јули 2009 година во Општина Берово се реализираше работилницата «Размена на искуства во врска со инженерството на културното наследство во Македонија» организирана од страна на Центарот за институционален развој - ЦИРа, Savoir Faire et Découverte од Франција. Оваа работилница се одржа во рамките на проектот за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот Долна Нормандија од Франција, координиран од страна на Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) од Стразбург.
На работилницата зедоа учество студенти по архитектура и етниологија од Франција и од Македонија како и 6 експерти за културно наследство од овие две земји и тоа од Факултетот за архитектура и Факултетот за етнологија од Скопје како и Центарот за етнологија од Долна Нормандија.
Целта на оваа активност беше да се дефинираат елементите на материјалното и не-материјалното наследство кои би можеле да придонесат за територијалниот развој. Тема на оваа работилница беше «овчарството» меѓутоа во предвод беше земено и целото природно и културно наследство на територијата на Берово.
Во прилог се наоѓа детална агенда на настанот како и методологијата за работа. Активностите од оваа работилница можеа да се следат на фрацуски јазик на следниот блог: http://inventaire-culturel.over-blo....
Организирана операција во рамките на децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и република Македонија, која е финансиски поддржана од Регионалниот совет на Долна Нормандија и министерството за внатрешни работи.
За повеќе информации слободно обратете се до:
Александар Јовановски, Координатор за обуки во ЦИРа
aleksandarj@cira.org.mk, 2 3114-855 и 070/364-008
Срџан Амет, Соработник на Програма во ЦИРа
srdzant@cira.org.mk , 3114-855 и 070/364-005