петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија > Новости од соработката > Програмата «Европа за граѓаните» претставена на македонските НВО и општини

Програмата «Европа за граѓаните» претставена на македонските НВО и општини

На 28 Јануари 2009 година се одржа еднодевно информирање за програмата «Европа за граѓаните», организирана за претставниците на македонските општини и македонските НВО од страна на Асоцијацијта на агенциите за локална демократија (АЛДА). Оваа обука се одржа во склоп на проектот за Децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија.

Пише Илинка Гичова

Денот беше отворен од страна на Негововата екселенција Господин Бернард Валеро, Амбасадор на Франција во Македонија, Г-ѓа Виолета Аларова, Градоначалник на Општина Центар СкопјЕ) и Г-ѓа Душица Перишиќ. Извршен директор на Здружението на македонски општини (ЗЕЛС). Сите покажаа вистински интерес за што побрзо отварање на оваа програма во Македонија, убедени дека ова ќе придонесе за приближување на македоските граѓани во процесот на европската интеграција.

JPEG - 42.4 ko
Од лево на десно: Неговата екселенција г-дин Бернард Валеро (Амбасадор на Франција во Скопје), Г-ѓа Виолета Аларова (Градоначалник на Општина Центар), г-дин Срѓан Цвијиќ (АЛДА), Г-ѓа Душица Перишиќ (Извршен директор на ЗЕЛС)

Програмата «Европа за граѓаните» [1] има за цел да ги поддржи разновидните активности и оргнизации во прилог на промоцијата на „активно европско граѓанство“, да се знае како активно да се учевствува во граѓанството и организациите на цивилното општество во процесот на европската интеграција. Тргнувајќи од оваа програма, граѓаните ќе имаат можност да се вклучат во меѓународните размени и во активностите за соработка кои што придонесуваат да се развие чувство за припадност на идеалите на европските општини, како и да се охрабри процсот за еврпска интеграција.

Интересот и реакциите помеѓу учесниците беа силно оценети од Камиј Ганглф, одговорна за проектите за активно граѓанство во Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА), дојдена да ја претстави програмата на македонските учесници кои можеа да забележат дека програмата„Европа за граѓаните“ иако се уште не е отворена за Македонија, предизвика големо внимание. Таа претстави голем број на примери на проекти кои се спроведуваат во рамките на оваа програма, надевајќи се дека македонските институции многу брзо ќе понудат различни проекти.

Овој ден беше исто така можност за една средба помеѓу претставниците на локалните заедници од Македонија и претставниците на НВО кои заминаа со уште едно искуство и нови идеи за начинот на кој можат да работат заедно и да создадат заедно една динамика во полза на приближувањето кон Европската унија.

Дали интересот за оваа програма ќе остане помеѓу учесниците до нејзината примена во Македонија? Ентузијазмот на учесниицте на оваа обука и сите заинтересирани Македонци со нетрпрние чекаат македонските власти да ги потпишат формалните договори со Европската комисија со цел да ја направат земјата апликативна за програмата. Останува да видеме...

-

[1] За програмата, консултирајте го документот ScadPlus за правната одлука која ја воспоставува програмата [ fr ] [ en ] како и сајтот на Европската комисија [ fr ] [ en ].

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA