Пред три години, регионот Долна Нормандија започна билатерална соработка насочена кон зајакнување на способностите на локалната самоуправа во повеќе области. Преку оваа размена се воспоставија длабоки врски помеѓу францускиот регион и оваа земја, коишто ќе најдат свој израз во повеќе од тримесечното претставување на македонската култура и наследство во Долна Нормандија.
Од крајот на март до крајот на мај 2010, повеќе од стотина македонски уметници ќе се претстават со нивното творештво во Нормандија. Оваа манифестација лично ќе ја отвори министерот за култура, г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска, за време на концертот на Камерниот оркестар на Македонската филхармонија во среда, на 28 април 2010.
Францускиот центар за соработка „Жан Моне“ во Скопје сакаше да му оддаде почит на овој голем собир со тоа што му даде почесно место на овој француски регион и покани повеќе уметници од Долна Нормандија.
Нормандиската пролет, како отсјај на балканската пролет, ни нуди неколку интересни културни и школски собири коишто ќе започнат со концертот на француски шансони на Триото Бопен-Ро-Сушон!
СКОПЈЕ
Вторник 6 април 2010, 2030 часот
Дом на АРМ
Концерт на француски шансони
Трио Алекс Бопен (пијано, вокал)-Алексис Ро (гитара, вокал)-Пјер Сушон (гитара, вокал)
Алекс Бопен има објавено два албума за куќата Наив (Naïve),„Момче на честа“ (2005) и „33 вртежи“(2008, меѓународна голема награда на академијата Шарл Крос за диск). Како омилен композитор на режисерот Кристоф Оноре, тој е потписник на музиката во неговите филмови меѓу кои и во „Љубовни песни“ (2007), со којашто ја освои наградата Цезар за најдобра филмска музика.
Алексис Ро стана познат со неговата смела изјава на љубов што ја испеа за Мари Дрикер. И тој има компонирано филмска музика „Љубов во крвта“ (избран за најдобар прикажан франкофонски филм на Франс 3 во 2008) и „Ден како и останатите“ (победник во категоријата за краток филм на Канскиот филмски фестивал 2009).
Пјер Сушон ја започнува кариерата во дуото Шерш Миди заедно со Жилиен Вулзи, а во 2004 го објавува својот прв самостоен албум „Никогаш повеќе истиот“. Неговиот втор албум „Пријателите на Питер“ ќе биде снимен за Наив и треба да се појави на пазарот во јануари 2010.
Вторник 13 април 2010, 20 часот
Културен центар „Мала станица“
Изложба на фотографии
„Каен, љубов на прв поглед“
Зоран Летра, извршен директор на Францускиот филмски фестивал во Охрид, издавач и фотограф во слободно време, направи убава изложба посветена на градот Каен. Вреди да се погледне!
Четврток 20 мај 2010, 23 часот
Клуб „Хард Рок“
Концерт на електронска музика
Лилеа Наратив
Забележана на фестивалот Нордик Импакт во 2006, влезена во програмата на Транс Музикал во Рен, во 2007, и прогласен за Откритие на 2008 на Буржовата Пролет, Лилеа Наратив за многу кратко време успеа да се наметне на француската електро хип-хоп сцена со „Нувел шер“, деби албумот што беше еднодушно поздравен, и стотината одржани концерти во Франција и ширум Европа. Со „Ешантијодром“, како повикување на филмот „Видеодром“ на Дејвид Кроненберг, Лилеа Наратив го потврдува својот талент на продуцент со љубопитен дух и високи барања. Во постојана потрага по нови, неистражени патеки и со желба да ги помести границите на музичкиот стил, Лилеа Наратив внесува свежина и енергија во своите негувани мелодии и ритмични состави. Актер на еден динамичен и вдахновен електро хип хоп, Лилеа Наратив го освежува стилот со вешто користење на брејк, кат, скрач и на мелодијата, што го прави поинаков од останатите.
Среда 26 мај 2010, 20 часот
Галерија Чифте-амам
Изложба на фотографии
„А како е кај тебе?“
Изложба на фотографии на учениците од Француската алијанса во Битола во содејство со клубовите „Европа“ на училиштата „Гијом“ од Каен и „Жан Моне“ од Уистреам.
Петок 4 јуни 2010, 21 часот
Центарот на Скопје
Уличен театар
Икс-девојки на Флоранс Крамуазон, Изабел Гансел, Клер Гариг и Софи ЖирарЧетири жени изведуваат фарси, мистерии и други миракули на големо задоволство на публиката. На јажето од нивната театарска количка, нивниот реликвариум се поместува и движи помеѓу подбивното и светото.На отворање на фестивалот „Баскерфест“.
Четврток 10 јуни 2010, 20 часот
Македонска опера и балет (во очекување на потврден одговор) Претставување на копродукцијата на современ танц, плод на соработка помеѓу Македонскиот балет и Националниот центар за современ танц на Долна НормандијаОсум танчери од македонскиот балет ќе работат со кореографот Мустафа Зијан, помошник на Ерик Ламуре и Ела Фатуми и со нивното дело ќе се претстават на затворањето на Балканската пролет во Долна Нормандија.Во соработка со Долна Нормандија.
ДЕБАТА НА ИДЕИ
Вторник 22 јуни 2010, 12 часот
Народна и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ (во очекување на потврден одговор)
Дебата на идеи
„Биолошка разновидност и јазична различност“
Стефан Лопез, познат лингвист и голем познавач на францускиот јазик и Франсоа Ал, експерт за биолошка разновидност, ќе водат дебата за природата и за културата, за поврзаноста на овие две сфери на различноста.
ПРАЗНУВАЊЕ НА МУЗИКАТА
Понеделник 21 јуни 2010, 21 часот
Центарот на Скопје
Празник на музиката
Нè очекуваат многу изненадувања на четвртиот по ред празник на музиката: по службениот концерт ќе следува музика без граници по улиците и кафеаните во центарот на градот.
БИТОЛА
Четврток 8 април 2010, 2030 часот
Дом на културата - Битола
Концерт на француски шансони
Дуо Алексис Ро (гитара, вокал) и Пјер Сушон (гитара, вокал)
Во текот на месец мај
Стела во чест на Војникот Валентин
Како резултат на историско истражување под раководство на госпоѓа Силви Гитон, професорка по француски јазик и историја/географија, и откривањето во Скопје и Битола на досега непознати цртежи изработени од војникот Андре Валентин, сликар, на кои е претставен секојдневниот живот на Источниот фронт, учениците од отсекот „Метални структури“ во средното училиште Жил Верн од Мондвил предлагаат да изработат комеморативна стела којашто ќе биде откриена во мај 2010 во Битола.На овој проект работат исто така и учениците од гимназијата Пол Корни од Лизие и нивниот професор Жан-Пол Елбер. Тие предлагаат издавање брошура со наслов „Бележниците на војникот Валентин“ во којашто ќе бидат сместени цртежите што војникот Валентин ги направил во Битола.Учениците од стручното средно училиште „Коле Нехтенин“ од Штип, му се придружуваат на овој проект. Семејството на Војникот Валентин го поддржува проектот и стави на располагање многу вредни документи за ова истражување.
Вторник 18 мај 2010, 23 часот
Клуб „Расчекор“
Концерт на електронска музика
Лилеа Наратив
Четврток 3 јуни 2010, 21 часот
Пешачка зона во Битола
Уличен театарИкс-девојки
ТЕТОВО
Среда 7 април 2010, 20 часот
Дом на културата - Тетово
Концерт на француски шансони
Трио Алекс Бопен (пијано, вокал)-Алексис Ро (гитара, вокал)-Пјер Сушон (гитара, вокал)
Четврток 19 мај 2010, 21 часот
Центарот на градот
Концерт на електронска музика
Лилеа Наратив
Четврток 10 јуни 2010, 20 часот
Галерија во амамот
Изложба на фотографии на Зоран Летра
„Каен, љубов на прв поглед“
ОХРИД
Сабота 26 јуни 2010, 1930 часот
Дом на културата
Изложба на фотографии„Каен, љубов на прв поглед“
Изложбата на фотографии на Зоран Летра за градот Каен ќе биде претставена на отворањето на Фестивалот на француски филм во Охрид.
Сабота 26 јуни 2010, 2230 часот
Дом на културата
„Исчезнатата од Довил“ на Софи Марсо (2007), со Кристоф Ламбер и Софи Марсо
Викторија, славна актерка во свое време, со возбудлива аура и шарм, умира пред триесет години во неразјаснети околности. Таа мистериозно ќе се појави во животот на еден осамен полицаец.
ШКОЛСКА РАЗМЕНА
Сите видови размена меѓу училиштата претставуваат фаза од педагошки проекти кои имаат интердисциплинарна димензија и се изработуваат во тесна соработка помеѓу македонските и француските ученици. Систематското користење на техниките за информирање и комуникација овозможува чести контакти и заеднички истражувања. Секоја размена меѓу училиштата има точно определена педагошка цел; работата на крајот е крунисана со одредено дело (изложба, претстава, издавање брошура,...)
Од петок 2 до среда 14 април 2010
Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово е домаќин на своите партнери од гимназијата „Марсел Гамбје“ од Лизие. Оваа посета е дел од педагошкиот проект кој за предмет ја има заедничката историја на двете земји и се одвива преку посета на споменици и историски места. Во програмата е предвидена и прошетка во околината на Тетово. Правците на заедничка работа ќе бидат утврдени за време на состаноците, на коишто ќе се договори спроведувањето на педагошкиот план за следната учебна година.
Од понеделник 5 до среда 14 април 2010
Од 5 до 14 април, учениците од гимназијата „Орце Николов“ ќе бидат гости на нивните француски партнери од гимназијата „Жилио де ла Морандјер“ од Гранвил. Педагошкиот проект што е плод на сесрдна соработка на француските и македонските ученици преку интердисциплинарен приод, е посветен на одржливата животна средина и ја обработува темата: „Мојот град, запознај го и учествувај во градскиот живот“. Заедничките активности ќе бидат прилика за организирање презентации и изложби.
Од вторник 6 до сабота 10 април 2010
Учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола ќе престојуваат во посета на нивните француски партнери од гимназијата „Жан Мермоз“ од Вир. Групата француски ученици ќе престојува во Македонија од 26 април до 2 мај. Педагошкиот проект разработува историска тема и се занимава со заедничкото минато на двете земји; македонските и француските ученици ќе посетат повеќе историски места и ќе разменат мислења за овие периоди од Историјата. Собраните документи и фотографии ќе овозможат изработка и печатење на проспект.
Од вторник 30 април до понеделник 10 мај 2010
Од 30 април до 10 мај, учениците од гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ од Скопје ќе бидат гости на нивните француски партнери од гимназијата „Сент Урсул“ од Каен. Општата тема на проектот е развојот на човечките односи низ времето; тој се состои од три делови кои се набљудувани низ драмски дела: односот маж-жена, односот дете-родител и односот дете-наставник. Како завршеток на активностите на македонските и француските ученици, ќе биде поставена заедничка претстава врз основа на проучуваните текстови.
Од петок 30 април до вторник 11 мај 2010
Во овој период учениците од гимназијата „Орце Николов“ ќе бидат гости на нивните француски партнери од гимназијата „Бодлер“ од Рубе. Педагошкиот проект „Мојот град, запознај го и учествувај во градскиот живот“ сака да ја разбуди свеста на македонските и француските ученици за одржливата животна средина и да ги поттикне кон заеднички истражувања во коишто се споени повеќе научни дисциплини. Заедничките активности ќе бидат прилика за организирање презентации и изложби.
ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБОТКА
АКТИВНОСТИ ВО ЗЕМЈАТА
Од среда 21 до недела 25 април 2010
Обука „ангажирање на средношколците“
Во организација на Федерацијата на младинските организации на Македонија „Сега“ и Домот на Европа од Каен, Долна Нормандија, ќе биде спроведена обука наменета за претставници на средношколците. Во обуката којашто се однесува на темата „ангажирањето и преземањето одговорност во институциите на средношколскиот живот“, ќе учествуваат претставници на средношколците од двете земји. Целта на семинарот е да им овозможи на младите да пронајдат средства и алатки, за со сопствени предлози да влијаат врз идната политика за младите во двете земји.
Недела 9 мај 2010
Европа во очите на младите
Оваа година, младите Французи и Македонци решија заеднички да го прослават 9 мај, денот на Европа. По тој повод ќе биде организирано видео предавање, коешто ќе претставува можност за младите од двете земји, преку користење на новите технологии, да разменат погледи за Европа, за културната различност и за животот на младите воопшто. Само преку дебата и вкрстен поглед за овие прашања, младите ќе можат да придонесат во изградбата на Европа.
МАВРОВО
Од четврток 27 јуни до вторник 1 јули 2010
Семинар „Заеднички искуства во инженерингот на културното наследство“
Здруженијата Центар за институционален развој (Цира) и Вештина и Пронаоѓање ќе организираат семинар. На овој настан ќе учествуваат студенти по архитектура и етнологија од двете земји и експерти за културно наследство. Цел на оваа активност е да се утврдат елементите на материјалното и нематеријалното наследство коишто можат да придонесат за развој на одредено подрачје.
СТУДИРАЊЕ ВО ФРАНЦИЈА
Мобилноста на младите е приоритет за Амбасадата на Франција; таа станува уште позасилена по потпишувањето на билатералниот договор помеѓу нашите две земји. Конкурсот за доделување стипендии за 2010 за студирање во Франција е отворен! Стипендиите се исклучиво наменети за магистерски и докторски студии со заедничко менторство. Оваа година е понудена и дополнителна програма за стипендирање во областите Науки, Технологии и Инженерство за нивото Мастер 2. Сите информации ви стојат на располагање на интернет страницата на Францускиот центар за соработка „Жан Моне“
Краен датум за пријавување: 15 април 2010 !