Во придружба на делегација, во периодот од 26 до 29 јуни, потпретседателот на регионот Долна Нормандија Алан Туре ја посети Македонија, односно градовите Скопје и Охрид.
Македонија и Долна Нормандија
Некогашна југословенска република, а денес суверена балканска држава, Македонија потпиша тригодишен договор за соработка со Долна Нормандија во 2007 година. Моментално се спроведува нова програма на активности.
За татко на проектот се смета Филип Дурон кој во 1997 година беше назначен за претседател на парламентарната група Франција Македонија, период кога јас бев одговорен за Полска. Избран за претседател на Регионот во 2004 година, Филип Дурон сакаше Долна Нормандија да потпише договор за соработка со Македонија.
Случајот е единствен зашто еден регион, еден мал регион спореден со остатокот од земјата, основаше уникатно партнерство преку Министерството за надворешни работи со една држава.
Бројни се полињата на соработка: информатички и комуникациски технологии, локални политики за млади, медиуми, култура, културно наследство, земјоделски гранки.
Предводам делегација која од 26 до 29 јуни 2010 година беше во посета на главниот град Скопје и Охрид, главниот туристички центар, кој тукушто се збратими со Каен.
По третпат Охрид го организираше фестивалот посветен на францускиот филм, овојпат во присуство на Ив Боасе и многу глумци. Ја користам приликава за да ја најавам изложбата на фотографии од Каен во духот на францускиот импресионизам. Зоран Летра, авторот на фотографиите, е непоколеблив франкофил. Тој е и претседател на фестивалот во Охрид.
Градоначалникот на Охрид посака повторно да се сретнеме, па ние замисливме следната година во Охрид да организираме недела посветена на културата и киното, потпомогнати од сите градови во Долна Нормандија кои ќе се збратимат со градови во Македонија.
Уживаме голема поддршка од амбасадата, особено од амбасадорот г. Шлумберже. Не` очекува средба со Министерството за локална самоуправа и Омбудсманот, кој треба да ги штити интересите и правата на граѓаните пред државата, територијалните единици и администрацијата.
Се надеваме дека Институтот за човекови права ќе биде институцијата која Македонија ќе ја одбере како поддршка во рамки на политиката за членство на Македонија во Европската унија.
Министерот и Омбудсманот ќе ја посетат Долна Нормандија во септември со цел зацврстување на односите и понатамошно организирање на ова исклучително партнерство.
И навистина, оваа децентрализирана соработка, остварена во вакви услови и со ентузијазмот на регионалните служби, е повеќе од потребна.