петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Долна Нормандија > Новости од Долна Нормандија и Новости на децентралиэирана соработка > Нова етапа на проект за децентрализирана соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија

Нова етапа на проект за децентрализирана соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија

Партнерите во соработката меѓу Долна Нормандија и Македонија се состанаа во Регионалниот совет на Долна Нормандија во Каен за да ја одредат програмата на активности за периодот од 2010 до 2013 година.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПЕЧАТ .

На 16ти и 17ти септември 2010 година партнерите во соработката меѓу Долна Нормандија и Македонија се состанаа во Регионалниот совет на Долна Нормандија во Каен за да го изработат акциониот план 2010-2013 година за децентрализираната соработка кој започна во 2006 година.

Г-дин Муса Џафери, Министер за локална самоуправа на Македонија и македонската делегација беа примени во Регионалниот совет на Долна Нормандија од страна на г-дин Алан Туре, Заменик Претседател на Регионот Долна Нормандија задолжен за меѓународни односи, г-ѓа Сабин Гише Лебаи, Шеф на одделението за децентрализирана соработка и човекови права и г-ѓа Антонела Валморбида, Директорка на АЛДА, Асоцијација на агенции за локална демократија.

Во текот на овие два дена во Каен се одржа управни одбор на децентрализираната соработка Долна Нормандија / Македонија со цел да се изработи програмата за наредните три години. На управниот одбор се состанаа сите заинтересирани страни за да ги анализираат резултатите од последните три години и стратешките линии за 2010 до 2013 година.

Поимите демократија и развој најдобро ја опишуваат започнатата соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија.

„Децентрализираната соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија е пример за разновидна долгорочна стратегија – потврдува Антонела Валморбида, директорка на АЛДА. Оваа стратегија е насочена кон развојот и демократијата во Франција и Македонија. АЛДА исто многу вложуваше и многу доби од овој проект. Ние придонесовме за реализација на проектот уште од 2006 година и ќе продолжиме во текот на наредните три години. Ние сме убедени дека оваа програма во својата целина е многу битна за децентрализираната соработка во Европа. Треба да се нагласи и важноста на мрежата создадена досега која брои повеќе од 80 партнери вклучени во различни сектори, од економија до култура, вклучувајќи го земјоделството! Со ентузијазам се ангажираме во наредните три години.“

Уште од почетокот на програмата се вложуваше во долгорочните врски на овие две територии во насока да се конструира европската иднина. Оваа соработка е изградена околу 6 компоненти:

1-Локална информација и технологии за комуникација (ТИК): обука и употреба на новите технологии за подобро локално управување.
2-Млади, локално и европско граѓанство
3-Култура: создавање на културни политики и платформа за дијалог и мобилност на артистите
4-Туризам: зачувување на културното богатство и промовирање на одржлив туризам.
5-Класификација и промоција на уметничкото и културното наследство.
6-Земјоделство и економски развој: размена на искуствата меѓу здруженија на земјоделци

Програмата за соработка има форма на тригодишен акционен план изработен во 2007 година спроведувана во Долна Нормандија и Македонија ќе биде продолжена до 2013 година.

Така, во текот на последниве три години, француското министерство за надворешни и европски работи ги финансираше активностите на програмата координирани директно од АЛДА, Асоцијација на агенции за локална демократија.
Од друга страна, Регионот Долна Нормандија и Министерството за локална самоуправа на Република Македонија ја имаа политичката улога на чело на проектот и ги одредуваа главните нишки на соработката меѓу двете територии.

Почнувајќи од 2007 година програмата разви конкретни односи меѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија претставени преку шеесетина вклучени партнерства. Според првичните процени програмата вклучи директно или индиректно околу 1000 асоцијации, претпријатија, територијални единици или личности од двете земји. Ваквата основа треба да гарантира солидна основа меѓу двете популации.

АЛДА беше избрана како технички координатор на овој проект благодарение на своите искуства стекнати во последниве десет години во Балканскиот регион во областа на демократија, мултикултурен дијалог, европска интеграција и промовирање на граѓанството.

Каен, 17 септември 2010 година

Регион Долна Нормандија
Caroline MONNOT
Аташе за прес
Abbaye-aux-Dames – Place Reine Mathilde
BP 523 – 14035 Caen Cedex France
Tél +33 (0)2 31 06 96 27
e-mail: c.monnot@crbn.fr

ALDA Press Office
Testa & Rizzo Associati
Piazza Duca d’Aosta, 30/1
31021 - Mogliano Veneto /TV/Italy
Cristina Testa
mob: (+39) 3381576909
e-mail: testa@testaerizzoassociati.it

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA