Пречки за меѓународната мобилност на македонските студенти? Некомпатибилноста на образовната програма со европскиот образовен систем, отсуството на финансиска поддршка и отежнатиот пристап до информации. Овие се заклучоците од тркалезната маса организирана на 4 март 2008 во Скопје од страна на Courrier de la Macédoine/Гласникот.
Од Тома Клос
Какви можности имаат македонските студенти за учество во програма за меѓународна размена? Како се управуваат овие програми во Македонија? Дали коректно цркулираат информациите? Еве неколку од прашањата што една група учесници од универзитетската фела во Македониа се обиде да ги одговорат на 4 март на тркалезна маса организирана во Скопје од страна на le Courrier de la Macédoine/Гласникот.
За да се обезбеди одговор на овие прашања CdMk ги покани: Замир Дика, про-ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа (Тетово), Нада Атанасовска - претставник на Министерството за Образование, Виктор Герасимовски од студентската организација AEGEE, Снежана Ѓоргиевска од студентската организација BEST и Љубица Гроздановска – новинарка. Даница Тунтевска – новинарка при весникот „Дневник“ беше во функција на медиатор. Унверзитетот Св. Кирил и Методиј (Скопје), чиишто претставник беше поканет, во последен момент го откажа своето присуство.
Централна тема на дебатата: мобилноста е многу малку застапена кај студентите во Македонија. „Секоја година само 390 македонски студенти заминуваат во странство за студии. Доколку го споредиме ова со 380,000 студенти во земјата, едвај надминува 1%“, потврдува Виктор Герасимовски. Соред него, делот на студентите коишто учествуваат во програмите за размена пропорционално е десет пати повисок во универзитетите на соседна Софија и Атина.
Причината, доцнењето на Македонија во имплементирањето на реформите поврзани со Болоњската Декларација, но исто така и отежнатото циркулирање на информации и отсуството на финансиска помош за заминување во странство на студентите.
Болоњската Декларација меѓу другото го основа и Европскиот Кредит Трансфер Систем (ЕКТС), којшто ја осигурува компатибилноста на универзитетската образовна програма според европски модел. Но, во Македонија, реформите наложени со овој систем сеуште се далеку од остварени. Замир Дика потврди дека Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈЕ) фигурира меѓу институциите од земјава коишто најмногу напреднале во овој процес. Сепак потенцира дека реформите биле искомпликувани од отпорот даден од професорите и студентите подеднакво.
На финансиски план, трошокот за едно студентско патување во странство значително е намален во декември 2007 кога Европската Унија (ЕУ) усвои процедура за издавање бесплатни визи за студенти и за други социопрофесионални класи во Македонија [1]. Но престојот во странство, а особено во земјите каде животниот стандард е значително повисок, е многу тежок за Македонците. Во секој случај, многу малку студенти имаат пристап до финансиска помош за заминување во странство, раскажуваат Виктор Герасимовски и Љубица Гроздановска.
Друга пречка која постојано ја среќаваат студентите: недостасокот на пристап до информации во однос на можностите за студирање во странство. Нада Атанасовска потенцира дека многу често овие информации по правило се резервираат за кругот на луѓето на бирото за меѓународни односи со универзитети. Според Замир Дика, УЈЕ се заштити од ваков вид на однесување благодарение на еден систем на комуникација на сите студенти со академското тело преку е-мејл. Како и да е Виктор Герасимовски, во бирото за меѓунардони односи за повеќето универзитети, жали за отсуството на директно отварање кон студентите и на еден доброволен чекор кон одговарање на нивните прашања.
Оваа тркалезна маса беше поддржана од Регионалниот Совет на Долна Нормандија и од PriceWaterhouseCoopers.
-
[1] прочитајте го натписот«Schengen : l’Europe ouvre ses portes aux Macédoniens, mais pas la Grèce».