Локомотива - Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата, во просториите на Мултумедијалниот Центар Мала Станица, ја реализира конференцијата на тема Децентрализација на културата во Република Македонија и Франција/Регион Долна Нормандија.
Локомотива - Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата, во рамки на долгорочниот проект за Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија, Франција и Р. Македонија, како дел од проектната целина Културна политика и културна размена, на 15 септември, во просториите на Мултумедијалниот Центар Мала Станица, ја реализира конференцијата на тема Децентрализација на културата во Република Македонија и Франција/Регион Долна Нормандија.
На конференцијата учествуваат градоначалници, претставници од јавните институции, советници, културни оператори, експерти за културна политика, претставници од Министерствата за култура и локална самоуправа од Македонија и од Франција (Долна Нормандија), како и од регионалниот совет на Долна Нормандија.
Конференцијата ќе отворат:
Изабел Гинел, Вршител на должноста Амбасадор на Франција во Р. Македонија, Муса Џафери, Министер за локална самоуправа и Драган Недељковиќ, Заменик-министер за култура.
Конференцијата ќе се одвива во две сесии: “Децентрализација во културата во Долна Нормандија и Р. Македонија - улогата на културата и културна политика”, и “Партиципативните процеси на локално ниво и улога на културата во локалниот развој”.
Панелисти на сесиите се: Ален Лепарeр, Александар Петрески, Арно Фонтен, Горан Петров, Изабел Лабиш-Митендорф, Јован Шурбановски, Клебер Архол, Клер Танги, Мари Кристин Oфлак, Марк Потие, Мирјана Апостолова, Муса Џафери, Нада Пешева, Наташа Поплавска, Никола Гелевски, Раде Илиевски, Русе Арсов, Федерик Левеје, Сашо Богдановски. Модератори на сесијата се: Искра Гешоска и Биљана Тануровска-Ќулавковски.
Конференцијата претставува платформа за размена на искуствата од процесот на децентрализација во двете земји, со цел подобра имплементација, како и обезбедување на услови за соработка.
Проектот е поддржан од страна на регионот Долна Нормандија, Француското Министерство за надворешни работи и Асоцијацијата на агенции за локална демократијa.
Партнери во реализација на Конференцијата се: Францускиот културен центар во Скопје и Мултимедијалниот центар Мала Станица.
Медиумска поддршка: Пристоп Клипинг
Сите ЗАИНТЕРЕСИРАНИ за КОНФЕРЕНЦИЈАТА да се ПРИЈАВАТ најдоцна до ПОНЕДЕЛНИК, 14-СЕПТЕМВРИ, 16 ЧАСОТ на: contact@lokomotiva.org.mk