петок 22 јуни 2012

Интернет: цел широкопојасен интернет

Регионот се стреми кон дигитално уредување на Долна Нормандија. Целта: целосно покривање на територијата со широкопојасен интернет до 2013 год., и да се подготви доаѓањето на широкопојасниот интернет.

Reflets бр.71

Широкопојасен интернет, што е тоа?

Широкопојасен интернет го подразбира протокот на трансферот на податоци преку Интернет, со одредена брзина изразена во килобитови/секунда (kb/s) или мегабитови/секунда (Mb/s).
Поимот широкопојасен интернет зависи од тоа како го користиме: на пример, неколку стотици kb/s за праќање на e-mail; најмалку 2 Mb/s за гледање на видео преку интернет...

Широкопојасен интернет, за што служи?

За одредени лица, широкопојасниот интернет овозможува пребарување преку Интернет, гледање телевизија, слушање радио, симнување на документи, телефонирање со можност на гледање на соговорникот...
Во професионалниот домен, широкопојасниот интернет, или висок широкопојасен интернет, овозможува пренос на важни квантитети на информации, организирање на состаноци со видеоконференција...

Денес, широкопојасниот интернет во Долна Нормандија

Од 2004 год. Регионот им помагаше на Департманите и Агломерациите во Каен со износ од 10,4 M€ - вкупно се на се 63 M€ - во нивните проекти за покривање со широкопојасен интернет.
Денес, претпоставуваме скоро 98% од населението е покриено со широкопојасен интернет од најмалку 512 kb/s; 85% од населението користи широкопојасен интернет со најмалку 2 Mb/s, праг од кој користењето е комфорно.

Висок широкопојасен интернет

Регионот лансира апел за проекти за создавање на инфраструктура и услуги со висок широкопојасен интернет, под управа на населенито и претпријатијата.
Овие иновативни проекти ќе овозможат експериментирање со користењето на високо широкопојасниот интернет, особено во руралните зони (на пример: работење од дома, создавање на телецентри за професионална и асоцијативна употреба, точки за пристап до дигитални текнологии (Espaces publics numériques - EPN)).
Тие се во согласност со регионалната програма Дигитални мултисервисни зони (Zones numériques multiservices - ZMN) кои ги воспоставува регионот. Овие места, наменети за професионалната јавност, особено претпријатијата, овозможуваат многубројни предности: сала за видеоконференција, хотели за високо-технолошки претпријатија, платформа за зачувување и архивирање на документи, Wifi конекции, безбеден пристап...


Образование, тв-здравство, нови технологии: Регионот во дигиталната ера

Регионот не е дебитант во однос на широкопојасниот интернет и високо широкопојасниот интернет. Од пред неколку години регионот разви разни употреби за образование, тв-здравство, инсталирање на Интернет...

ТОЧКИ ЗА ПРИСТАП ДО ДИГИТАЛНИ ТЕХНОЛОГИИ (ESPACES PUBLICS NUMÉRIQUES - EPN) . Од 2005 год., точките за пристап до дигитални технологии (Espaces publics numériques - EPN) ја запознаваат јавноста за технологиите за информации и комуникации, и и помагаат во нејзините културни, социјални и образовни проекти. Ги има веќе 84 на територијата на Долна Нормандија. Еден нов апел за проект штотуку беше лансиран.

СРЕДНИ УЧИЛИШТА. VIKMAN мрежата им овозможува на учениците, на наставниците и на работниците на средните училишта од Регионот да разменуваат информации за организацијата на нивната установа и да ги делат педагошките ресурси во неколку кликнувања. Исто така, Регионот редовно организира видеоконференции кои им овозмжуваат на учениците слободно да разменуваат информации од областа на актуелностите или од областите кои најмногу ги допираат нив самите (ориентација, одржлив развој...).

VIKMAN. Оваа регионална мрежа е со висок широкопојасен интернет која поврзува 10 градови во Долна Нормандија, овозможува, пред се на универзитетски и пребарувачки сајтови, да пренесуваат податоци од науката и да го користат новиот светски протокол на Интернетот (Ipv6).
VIKMAN Santé (Здравство) им овозможува на професионалците од областа на здравството да разменуваат медицински информации преку видеоконференција или со пренос на слики. Едно дваесетина болнички установи учествуваат во оваа мреча, за услужување на итни сличаи и за следење на пациентите.

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA