петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Практичен водич > Агенда > Градоначалници од Македонија на студиско патување во Долна Нормандија, Франција

Градоначалници од Македонија на студиско патување во Долна Нормандија, Франција

Регионот Долна Нормандија од Франција во 2006 година започна проект за децентрализирана соработка со Република Македонија на тема локално управување. Во рамките на овој проект градоначалници и претседатели на општински совети од седум македонски општини ќе пресојуваат во Долна Нормандија од 22 до 25 јуни 2009. Целта на оваа посета е да се поттикне дирекна соработка помеѓу локалната самоуправа од овие две територии со цел да се зајакне соработката на Долна Нормандија и Македонија.

Ова студиско патување е организирано од Регионалниот Совет на Долна Нормандија. Освен средби со локални советници од Нормандија, претставниците на секоја од македонските општини ќе посетат по една по една од локалните единици во Долна Нормадија со која во иднина дирекно би соработувале. Во студиското патување се вклучени Охрид, Струга, Вевчани, Тетово, Дебар, Ресен и Берово. Делагацијата ќе биде придружувана од претсавник на ЗЕЛС, Заедницата на единици на локална самоуправа на Македонија како и од претставник на Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА).

Проектот за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормадија и Македонија се реализира веќе две години и тоа на повеќе теми: млади, нови технологии, медиуми, култура, одржлив туризам итн. До сега се вклучени повеќе од 50 учесници (здруженија, институции, НВОа, медимуми, универзитети, школски установи, општини). Целта е во иднина се повеќе да се вклучат локалните едници од Долна Нормандија и Македонија со цел да се збогатати веќе постоечката соработка како и да се создадат нови долгорочни врски помеѓу двете територии.

Можете да ја преэемете програмата од посетата:

PDF - 95.1 ko

Можете да го преэемете соопштението эа печат:

PDF - 389.4 ko

За подетални информации за проектот за соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија и за оваа посета на градоначаници слободно обратете се на:

Ивана Димитровска
Асоцијација на агенции за локална демократија (АЛДА)
Адреса: Женевска бб. (во зградата на ЗЕЛС)
Тел: 02 306 59 32
Меил: ivana.dimitrovska@aldaintranet.org
http://alda-europe.eu

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA