Со филмот „Коко пред Шанел“ на режисерката Ан Фонтен, во скопското кино „Фросина“ ќе започне Неделата на француски филм. Неделата на францускиот филм ќе трае до вторник, кога ќе бидат прикажани и филмовите „Девојката од Монако“ на режисерот Фонтен, „Како сите други“ на Венсан Гаранк, „Другата“ на Пјер Тривидик и „Хамса“ на Карим Дриди. Проекциите почнуваат во 20 часот.