Адреса:
ЦИРа- Centar za Institucijonalen Razvoj
Dime Anicin 9
1000 скопје
Mакедонија
Tél.: +389 2 3 114 855
факс: +389 2 3 214 132
Е-меил: cira@cira.org.mk
Интернет страна: : www.cira.org.mk
Историја на организацијата
ЦИРа е независна, граѓанска организација основана во септември 2003 година. од страна на локалниот персонал на Програмата за демократска соработка (ДемНет) на УСАИД во Македонија, реализрана од 1995 до 2004.
Во изминативе години ЦИРа имплементира неколку големи програми за изградба на капацитети, а нејзиниот персонал обезбеди бројни услуги за обука и советување во различни развојни програми во Македонија и Југоисточна Европа како на пример ФОСИМ, проектот ХОПЕ, Хандицап Интернатионал, ОСЦЕ, ДАИ, АРЦ, ИПК, АЦТЕД, ЕЦМИ, ДРЦ и др. ЦИРа има соодветни логистички и технички капацитети и создаде прирачници и печатени материјали за повеќе од 33 различни модули за општо образовна обука. Располага со две функцонални и комплетно опремени простории за обука и конференции, секоја со капацитет за 20 учесници во зграда лоцирана во централното подрачје во Скопје.
33- те модули за обука понудени од ЦИРа се сеопфатни и општо образовни и се однесуваат на секој аспект на доброто раководење и управување со кој било ентитет-граѓанска организација, владина институција, приватен бизнис или поединец. Персоналот на ЦИРа располага со претходно искуство во основање на Тимови на Обучувачи од групи на неискусни, но активно вклучени поединци во развојот на секторот на НВО и обезбедува редовни Програми за Обука на Обучувачи во НВО, меѓународни организации и институции.
земајќи го во предвид искуството во работа со странски организации, ЦИРа има прифатено меѓународни стандарди и развиено систем на програмски и финансиски процедури кои имаат тенденција да станат модел за македонските организации.
Мисијата на Центарот за Институционален Развој е да ги зајакне капацитетите на граѓанското општество и локалните заедници заради постигнување на видливи промени во заедниците.
ЦИРа се стреми кон постигнување на своите цели преку јакнење на капацитетите, промовирање на јавното учество и мобилизација на локалните ресурси во решавање на локални проблеми на ниво на заедницата.
1. Градење ефективни и ефикасни организации и институции
2. Развој на филантропијата во Македонија
3. Развој на локални заедници
Работата на ЦИРа се темели на:
* учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки
* Признавање и почитување на индивидуалните, социјалните, етничките, родовите и религиозните разлики меѓу луѓето
* Дејствување во пријателска, позитивна и неформална атмосфера во работата и во односите со корисниците
* Фокус на градење на длабински капацитети на индивидуалните организации и институции
* Користење оргинален и квалитетен пристап, методологии и модели за работа со корисниците
Развој на Филантропија
Во рамките на компонентата за развој на филантропијата во Македонија, ЦИРа работи на создавање на основа за локална филантропија, која ќе обезбеди широка домашна поддршка во решавање проблеми во општеството, било да се работи за човечки, материјални или финансиски ресурси.
Нашата работа се фокусира на филантропијата во заедниците, корпоративната филантропија и волонтерството.
Низ различни механизми, ЦИРа ги поддржува граѓанските групи да работат на промовирање на филантропски активности во Македонија. Во исто време, ЦИРа работи на сензибилизирање на бизнис секторот за стимулирање на корпоративна социјална одговорност и корпроративната филантропија.
ЦИРа работи на подобрување на животот на граѓаните преку иницирање и спроведување на партиципативни процеси за развој на локалните заедници. Во рамките на овие процеси,
индивидуите, формалните и неформалните групи, институциите и организациите на локално ниво превземаат одговорност да донесуваат одлуки и да ги реализираат своите
идеи кои нивната заедница ќе ја направат поубаво место за живеење. Во исто време, ЦИРа работи и со локалната самоуправа, градејќи ги нејзините капацитети за транспарентно и отчетно работење, фокусирано на граѓаните и нивните потреби.
Една од најјаките страни на ЦИРа е пристапот за градење на капацитетите на организациите и институциите кој се базира на методологија која е скроена според потребите на клиентите и овозможува нивно активно учество во сите фази на процесот на учење и на промена во практиката, каде што учесникот е во центарот на тој процес. Активностите за градење на капацитетите вклучуваат анализи и проценка на потребите, техничка поддршка, обуки, менторство и консултации за организациско јакнење и институционален развој, кои на крај резултираат со конкретни продукти за зголемување на ефиксаноста во работата.
Другите програмски активности на ЦИРа се насочени кон:
» Младински прашања;
» Информациски и комуникациски технологии насочени кон развојот;
» Родови прашања;
» Поддршка на маргинализирани групи.
Листа на Донатори
* Швајцарска Амбасада
* Американска Амбасада
* Норвешка Амбасада
* Француска Амбасада
* Холандска Амбасада
* Италијанска Амбасада
* Британска Амбасада
* Еуропеан фунд фор Балканс
* Светска Банка
* ЕУ Мисија во Македонија
* УНИЦЕФ
* Тхе Организатион фор Сецуритѕ анд Цо-оператион ин Еуропе - ОСЦЕ (Миссион ин Скопје)
* Унитед Натионс Девелопмент Програм – УНДП
* Хандицап Интернатионал
* МААСП ОПТО Интернатионал
* Сњедисх Интернатионал Девелопмент Цооператион Агенцѕ – СИДА
* Унитед Стате Агенцѕ фор Интернатионал Девелопмент – УСАИД
* Њорлд Леарнинг/Мацедониа
* Дански Конзул за бегалци
* Институт за трајни заедници
* Европска Агенција за Реконструкција - ЕАР
* Фондација Институт Отворено Општество Македонија
Листа на партнери/соработници
* Фондација за развој на локалната заедница
* Фондација за локален развој и демократија “Фокус”
* Отворете ги прозорците
* Асоцијација за демократски иницијативи - Гостивар
* Младински Совет Прилеп
* НВО Контрапункт - Скопје
* Биосфера - Битола
* Акција Здруженска
* Коалиција СЕГА
* Општина Чашка
* Општина Струмица
* Општина Кичево
* Општина Ѓорче Петров
* Град Скопје
* НВО Инфо Центар
* Меѓаши
* Прва детска амабасада во светот
* Еуропеан Центер фор Нот-фор-Профит Лањ (ЕЦНЛ) - Будапест, ХУ
* ИСЦ - Институте фор Сустаинабле Цоммунитиес (ИСЦ) - Монтпелиер, ВТ, УСА
* Хуманитарна организација Мир
* Младински културен центар – Битола
* Еколошко друштво Планетум
* Федерација на Фармери на Република Македонија
* Коалиција сите за правично судење
* Хуманитарно добротворно здружение на Ромите – Месечина
* Македонски центар за граѓанско образование
* Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите (КХАМ)
* Центар за граѓански иницијативи
* Асоцијација за демократски иницијативи
* Центар фор Балкан цооператион (ЦБ ЛОЈА)
* Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените во Македонија – ЕСЕМ
* ОПМ - Организација на отрошувачите во Македонија
* Македонски Институт за медиуми