петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија > Домени за соработка : > 5- Одржлив туризам и наслетство > Акција 5: Одржлив туризам и наследство («Поддржување и развивање на одржливиот туризам»)

Акција 5: Одржлив туризам и наследство
(«Поддржување и развивање на одржливиот туризам»)

- Партнери
- Опис
- Акција 5.1: Научна посета на Долна Нормандија од страна на македонски претставници од секторот за туризам
- Акција 5.2: Размена на знаење и искуство меѓу претставницие од секторот за туризам
- Акција 5.3: Обука на властите преку организирање на проекти за одржлив туризам на нивна територија
- Акција 5.4: Осмислување проекти
- Акција 5.5: Издавање на информативни водичи за одржливиот туризам, за културното наследство и за културата во Франција и Македонија
- Очекувани резултати
- Очекуван ефект на крајот на проектот

Партнери

Координација:

Долна Нормандија:
- здружение Savoir Faire & Découverte («Вештини и откритија»)

Македонија:
- здружение ЦИРА

Предвидени партнери (листата не е исцрпна и ќе се проширува со развој на проектот):

Долна Нормандија и Франција :
- Регионална служба одговорна за туризмот
- Регионална служба одговорна за животната средина и за одржливиот развој
- Национални паркови во Долна Нормандија – Маре ди Бесен и ди Котенден, ди Перш и Нормандија Мен
- Национално здружение на градовите и земјата на Уметноста и историјата и на заштитените градови (ANVPAH-VSS)
- здружение Village–L’Acteur rural («Село–Рурален претставник»)

Македонија:
- разни општини (Новаци, Пробиштип, Струмица)
- Македонските национални паркови – Маврово, Пелистер, Галичица
- мрежата Живо наследство

Конкретни цели :

- Поддршка на развојот и на одржливиот туризам на територија на Долна Нормандија и Македонија
- Развој на двете територии
- Мобилизирање на населението од двете територии
- Подигање на свеста кај властите и кај претставниците од секторот за туризам (актуелни и идни) за потребата од развивање политика за одржлив развој
- Спојување на властите и на претставниците од секторот за туризам со изготвување план за проект, олеснување на контактот меѓу заинтересираните од Македонија и Долна Нормандија за вклучување во проекти за одржлив туризам и за вреднување на културното наследство
- Размена на знаење и искуство во областа на одржливиот туризам
- Развој на информации за одржливиот туризам во двете области наменети за локалните власти, претставници од секторот за туризам и јавноста

Опис

Дел од активностите од доменот на културата ќе се фокусираат на одржливиот туризам, што е сé уште релативно нов концепт за македонските претставници. Франција, од друга страна, е понапредна во овој домен, особено кога е во прашање „селскиот туризам“. Постојат повеќе дефиниции за одржливиот туризам. Самиот термин се однесува на она што во врска со туризмот може да се поврзе со концептот на одржливост, дефиниран во 1992 за време на Самитот на Земјата во Рио де Жанеиро.
Одржливиот туризам тежнее кон намалување на негативното влијание врз животната средина со цел таа долгорочно да се сочува, но тој не прифаќа пасивен еколошки пристап (заштеда на енергија, употреба на обновлива енергија, преработка на отпад...) напротив, тој вклучува активно учество од страна на локалното население и туристите во активности за заштита на биолошката разновидност (пошумување, заштита на флората и фауната, повторно воведување на загрозените видови...). Се работи за долгорочен одржлив туризам бидејќи води до нето добивка за социјалната, економската и културната средина во регионот каде што се применува.
Главната идеја на овој дел од проектот е да створи услови за средба меѓу претставници од секторот за туризам од Македонија и Долна Нормандија, особену меѓу одговорните за националните паркови (македонските национални паркови – Маврово, Пелистер и Галичица и националните паркови во Долна Нормандија – Маре ди Бесен и ди Котенден, ди Перш и Нормандија Мен), но исто така и меѓу претставниците на локалните власти, меѓу занаетчиите и земјоделците, меѓу туристичките организатори, и да ја подигне свеста на населението во двете области. Штом учесниците се подготвени ќе се работи и на изготвување план за проект и пронаоѓање партнери.

Одвивање :

Акција 5.1: Научна посета на Долна Нормандија од страна на македонски претставници од секторот за туризам

Дел од властите и од претставниците од секторот за туризам на земјата партнер ќе пристигнат во Долна Нормандија за да:
- ги посетат националните паркови, планинските куќарки и прифатилиштата на селаните
- се сретнат со претставници од Долна Нормандија кои отпочнале проекти за одржлив туризам и за вреднување на културното наследство, а кои ги вклучуваат и туристичките услуги од локалните и руралните власти
- пронајдат заеднички идеи и проекти.
Посетата ќе трае 3 дена, од 20 до 25 септември 2008, со цел да се присуствува на конференцијата за проектот насловен „C’est comment là-bas“ („Како таму е“).

Акција 5.2: Размена на знаење и искуство меѓу претставницие од секторот за туризам

Во Македонија ќе се одржи семинар за, од една страна, одговоните за националните паркови, земјоделците или занаетчиите и властите вклучени во проекти за одржлив туризам и за вреднување на културното наследство, и организаторите на туристички патувања; и од друга страна, властите и претставници заинтересирани за вклучување во такви проекти.
Цел: размена на знаење и вештини, воспоставување на контакт мрежа којашто го олесни организирањето на проекти и поддршка на одржливиот туризам во регионот. Семинарот ќе трае 2 дена и ќе вклучи триесетина учесници (од кои 4 до 5 од Долна Нормандија). Ќе се одржи во Македонија кон крајот на септември 2008.

Акција 5.3: Обука на властите преку организирање на проекти за одржлив туризам на нивна територија

Целна група ќе бидат властите и оние со кои тие соработуваат, додека цел на обуката ќе биде да им се дадат на учесниците потребните алатки (од педагошки аспект, за водење проекти, итн.) за да се оспособат за изнаоѓање и организирање проекти за одржлив туризам. Семинарот ќе трае 3 дена и ќе опфати петнаесетина учесници.

Акција 5.4: Осмислување проекти

Идејата е да се сработи еден пример за изведба на проект, од страна на експерти, со претставници пронајдени за време на активностите 1, 2 и 3, за да се помогне воспоставување на конкретни проекти. Целта е да се воспостави контакт меќу претставниците, да се осмисли проект, да се пронајдат можни извори за финансирање...Овој пример за изведба на проект, којшто наликува на поттикнувач за локален развој но за транснационален проект, ќе доведе до забрзано формирање партнерства меѓу претставниците и до зголемување на бројот на разни извори за финансирање. Претставниците ќе може да реализираат проекти, врз основа на одреден начин на функционирање којшто вклучува и самофинансирање и/или поддршка од нови јавни партнери и територии.

Наведени се примери на веќе идентификувани проекти, кои треба да се поддржат:
- Градилиште за реставрација на традиционални градби отворено за јавноста (за туристите и за локалното население) во општината Новаци, во коешто ќе земат учество млади од Нормандија вклучени во проектот „C’est comment là-bas “, од Македонија и од Грција (контакт личност: градоначалникот на Новаци)
- Формирање туристички тури со поставување знаци на патиштата, во партнерство со агенцијата за патувања Vision du Monde (Визија за Светот)
- Градилишта за обновување на градбите, на тероторија на Долна Нормандија или во Македонија, на кои ученици од Македонија и Долна Нормандија ќе работат со занаетчии од двете територии. Оваа активност треба да се релизира со одговорниот за мешани одделенија при Францускиот културен центар во Скопје.
Давање можност за стажирање на професионалци кои сакаат да го откријат и применуваат традиционалното знаење и вештини со цел да придонесат за вредување на локалното културно наследство. Оваа активност треба да се органанизира со здружението Savoir Faire et Découverte.

Акција 5.5: Издавање на информативни водичи за одржливиот туризам, за културното наследство и за културата во Франција и Македонија

Издавањето на информативни водичи ќе има за цел подобро да ги запознае жителите на Долна Норманија со потенцијалот на Македонија во доменот на туризмот, културата и културното наследство, истакнувајќи ги убавините на Македонија. Исто така ќе се поддржи и вклученоста на туристичките агенции и властите од Македонија во проекти за оддржлив туризам и ќе се олесни отпочнувањето на конкретни проекти со зголемување на нивниот публицитет.
Три типа на активности ќе се организираат:
- водич со едноставни информации (во форма на флаер/леток) наменет за населението на Долна Нормандија со цел да ги информира за партнерството.
- истакнување на потенцијалот на Македонија во доменот на туризмот, културата и културното наследство со помош на партнерите кои работат на конкретни проекти поврзани со оддржливиот туризам и наменети за жителите на Долна Нормандија: каталози и интернет страни за туристички оператори, општини, здруженија...
- информативен водич, што ќе го разделуваат локалните македонски заедници, со совети за обновување на традиционалните градби или за вреднување на традиционалното знаење и вешини.
Следствено на ова, ќе се одржат прес конференции со локалните медиуми со што ќе се овозможи издавање на репортажи и на статии во медиумите во Долна Нормандија (и Македонија).

Очекувани резултати

На квалитативен план
- Воведување на концептот за одржлив туризам на двете територии, особено на Балканот
- Поголемо знаење за македонскат култура и културно наследство во Долна Нормандија (и во Франција) и обратно
- Зајакнување на капацитетите на институциите за одржлив развој
- Зајакнување на капацитетите за економски развој на претставниците вклучени во одржливиот туризам
- Запознавање на поголем дел од населението со концептот за одржлив туризам и за вреднување на традиционалното знаење и вештини

На квантитаивен план
- Обука на претставницитеод секторот за туризам со концептот за одржлив туризма
- Мобилизирање на населението на двете територии (туристички патувања и образовна програма)

Очекуван ефект на крајот на проектот

- Развој на нова соработка и на конкретни проекти меѓу претставниците од секторот за туризам од двете територии со цел да се овозможи долгорочност на проектот
- Преку информативните алатки кои ќе се изнајдат за време на проектот, поголем дел од населението ќе го почувствува позитивниот ефект

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA