петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија > Домени за соработка : > 1- Употреба на информатичко-комуникациски технологии (ИКT) > Акција 1: Употреба на информатичко-комуникациски технологии (ИКТ) («Образование и употреба за нови ИКТ за унапредување на локалната самоуправа»)

Акција 1: Употреба на информатичко-комуникациски технологии (ИКТ)
(«Образование и употреба за нови ИКТ за унапредување на локалната самоуправа»)

- Партнери
- Акција 1.1: «Активни граѓани – партнери во процесот на развој»
- Акција 1.2: «Локален пристап до интернет и слободен софтвер (open source) за граѓаните, составен дел на одржливиот развој на териториите во процес на изумирање»
- Акција 1.3: «Обучување на локалната самоуправа»
- Очекуван резултат на крајот на проектот

Партнери

Координација:

Долна Нормандија:
- Сервис за ИКТ на Регионот Долна Нормандија за целиот дел
- Центар за нови технологии (Centre des Technologies Nouvelles – CTN) за координација на делот 1.2 во насока на Дигиталните клубови.

Македонија:
- Агенција за локална демократија (Agence de la Démocratie Locale - ADL) во Косово/Куманово (прва година)
- Асоцијација Метаморфозис (втора и трета година)

Акција 1.1: «Активни граѓани – партнери во процесот на развој»

Општи цели

- Да се подобри квалитетот на јавните локални политики;
- да се подобри квалитетот на администрацијата;
- да се зголеми довербата на граѓаните во администрацијата (особено во донесувачите на одлуки);
- да се фаворизира зајакнувањето на демократијата;
- од македонска страна: да се фаворизира приближување на локалната демократија во земјата кон европските стандарди со цел да се поддржат напорите за европска интеграција;
- од страната на Долна Нормандија: да се придонесе за афирмирање на демократските капацитети на локалните власти од Долна Нормандија, како и за нивното отворање кон Балканот а особено кон Македонија исто како и кон Европа воопшто.

Опис

Учеството на граѓаните е суштински аспект на доброто управување и развој. Општинските власти мораат да им бидат на располагање на жителите за да се подобри квалитетот на нивниот живот. Сепак, воведувањето на ефикасни политики за учество бара исполнување најмалку два предуслова:

  1. откривање на чинителите на теренот;
  2. слободни и достапни информации.

Администрацијата има корист од активните граѓани и од динамичноста на граѓанското општество. Проектот ќе преземе конкретни мерки за олеснување на пристапот до информации и учество на јавноста, поголема сензибилизација, засилување на граѓанското чувство и зголемување на компетенциите на граѓаните и ќе поддржува создавање на капацитети што ќе го фаворизираат дејствувањето на организациите од граѓанското општество. Конкретно, оваа активност ќе даде удел во граѓанското образование на возрасните и младите со употреба на ИТК со цел активно вклучување на граѓаните во создавањето на јавните политики.

ИКТ веќе започнаа да ги менуваат врските меѓу администрацијата и граѓаните. Има многу примери и во Долна Нормандија и во Македонија кои сведочат за потенцијалот на ИКТ и многу начини преку кои може да се надополни дигиталниот недостаток со цел сите граѓани да продолжат да уживаат еднакви права при учеството во животот на колективот без оглед дали тоа се одвива на интернет или поинаку.

На македонска територија, употребата на ИКТ во механизмите за прием на реакции и за консултации се на почеток. Асоцијацијата Метаморфозис ќе реализира проекти што овозможуваат и фаворизираат употреба на инструменти на интернет за активно вклучување на граѓаните во донесувањето на одлуки во јавните политики.

Се работи за следново:
- Реализирање обуки за развој на компетенции кај локалното население од област на ИКТ со цел да се зајакнат човечките капацитети и да се започнат активности за учество во донесување одлуки поврзани со јавните политики.
- Реализирање обуки и работилници за млади со цел да се развијат нивните компетенции за да станат активни граѓани што користат ИКТ како средства за учество во локалниот живот.
- Воспоставување физички и интернет размени со цел да се споредат алатките и практиките што веќе постојат при употреба на ИКТ како алатка за развивање на односите меѓу администрацијата и граѓаните од Долна Нормандија и Македонија (со отворање на други европски локални власти). Акцентот ќе се стави исто така на постојните правни обврски во различните земји - учесници преку кои им се овозможува на граѓаните да учествуваат во создавањето и спроведувањето на јавните политики.
- Воведување на размени на локални избраници од Долна Нормандија и Македонија со цел да се освестат да можностите за соработка со македонските општини и за важноста на употребата на ИКТ во односите со граѓаните преку искуства добиени од проекти реализирани од другата страна.
- Поттикнување на француските локални власти за развивање партнерства со македонските општини и за воведување на размени, како и пренесување експертски знаења и искуства меѓу службениците со цел да се воведат и координираат услуги на интернет што ќе го стимулираат учеството на граѓаните и ќе ги подобрат односите меѓу администрацијата и населените места кои се соочуваат со можно изумирање.
- Организирање на кампања на двете територии за промовирање на потенцијалот на новите информациски технологии и поттикнување на активно граѓанство (специјален билтен, интернет, серија јавни дебати и тркалезни маси).
- Објавување водич на «Најдобри практики за активно граѓанство» на француски, македонски и албански.

Акција 1.2: «Локален пристап до интернет и слободен софтвер (open source) за граѓаните, составен дел на одржливиот развој на териториите во процес на изумирање»

Општи цели

Ова активност како општа цел го има подобрувањето на капацитетот на локалните заедници од Долна Нормандија и Македонија при употреба на информатичко-комуникациски технологии (ИКТ) како алатки за размена. Во рамките на оваа активност се пристапот на интернет преку јавните инсталации што претставува терен на активноста.

Опис

- Зголемување на капацитетите на јавните инсталации за пристап до интернет за да можат да станат центри на компетенции и за поддршка на употребата на интернет и слободен софтвер од страна на граѓаните и администрацијата.
- Зголемување на капацитетите на јавните инсталации за пристап до интернет за да станат места за граѓански активизам кои ќе им овозможат на граѓаните да користат нови ИКТ за пристап до административните услуги што се нудат на интернет.
- Воспоставување портал «Локална за власт за локална власт». Овој портал треба да им овозможи на администраторите на технологии во општините да комуницираат, да разменуваат услуги и знаења, да бараат или да нудат и да одржжуваат норми за квалитет на администрацијата и одржување на слободниот софтвер. Треба да се исполнат следниве минимални критериуми за употреба:

  1. Размена на искуства за употреба на слободен софтвер во администрацијата на Долна Нормандија и Македонија
  2. Испитување на конкретни случаи
  3. Потенцијални е-точки и слободен софтвер за воспоставување општество кое вистински соработува
    Можен напредок на проектот: развивање на платформа за е-учење која ќе обезбеди курсеви за активно граѓанство засновани на постојни студиски програми и пред се на резултатите од активноста 1.1 (за активно граѓанство).

Акција 1.3: «Обучување на локалната самоуправа»

Општи цели

- Учество во процесот на подобрување на квалитетот на понуда на обуки од областа на локалната самоуправа на македонска територија.
- Учество во изградбата и консолидацијата на структурата предавачи која треба да биде мултиетничка со цел младите да научат да живеат заедно во текот на обуките.
- Во целите на Амбасадата на Франција да се вклучи придонес за обучување на кадри што потекнуваат од регионот каде се зборува албански јазик и особено идни административни кадри со цел да се избегне отсуство на обучени кадри од ова малцинство што ќе биде причина за нивно исклучување од власта.
- Волја за поддршка на стратешката ориентација на македонската држава што претставува европската интеграција со обучување на елити адаптирани за таа цел, а особено:
- обучување за децентрализирано управување, поради тоа што ова управување претставува дел од критериумите за една модерна европска држава, но исто така и поради политичките критериуми поставени за земјата при спроведувањето на Охридскиот рамковен договор.
- консолидирање на сликата за нашите експертски знаења за административното обучување од страна Регионот Долна Нормандија за земја во која Франција инвестирала во оваа област.

Конкретни цели

- Организирање на 6 мисии на обучувачи од Долна Нормандија во прилог на франкофонски последипломски студии за јавна администрација «Јавен менаџмент и управување на локални власти» на Универзитетот на југоисточна Европа (ЈИЕ) во Тетово
- Помош за изнаоѓање можни места за стажирање за студентите на постдипломски студии од Франција, а особено од Долна Нормандија
- Промовирање на франкофонски постдипломски студии од јавната администрација «Јавен менаџмент и локална самоуправа».

Опис

Универзитетот на југоисточна Европа (ЈИЕ) се отвори во Тетово на иницијатива на меѓународната заедница по меѓуетничките судири од 2001 година меѓу Словените и Албанците. Тој беше основан во контекст на Охридскиот договор од 2001 година кој стави крај на овие немири и со кој се предвидува признавање на правата на албанското малцинство за еднаков пристап до сите сфери на власта. Со Договорот се усвојува принцип на силна децентрализација против етничка федерализација.
Регионот Долна Нормандија има цел целосно да се поврзе со политичките цели на Амбасадата на Франција во Скопје и да придонесе за проектот во форма на педагошки интервенции кои ќе траат најмалку две години и уште повеќе во функција на нови финансирања кои може да се мобилизираат. Поконкретно, се работи за идентификување на потенцијални лица во Долна Нормандија кои ќе се вклучат во франкофонските постдипломски студии од областа на јавната администрација „Јавен менаџмент и локална самоуправа“, како и финансирање 6 образовни мисии.

Очекуван резултат на крајот на проектот

- Намалување на дигиталниот недостаток
- Зголемување на интересот и капацитетот на граѓаните да користат ИКТ за учество во локалниот живот
- Подобрување на јавните политики на македонските локални власти и властите од Долна Нормандија.

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA