Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија има основна цел да придонесе за развојот на доброто локално владеење и рамномерниот регионален развој во двете територии. Оваа соработка се реализира преку преку размени на добри практики во повеќе области меѓу различни чинители како локални власти, здруженија на граѓани, образовни установи и приватен сектор.


Вести од соработката | Дигитални технологии
31.08.2012
Во рамките на проектот за подигнување на свеста за приватноста на интернет „Приватност на интернет на лесен начин“, фондацијата Метаморфозис подготви краток анимиран филм „Силеџија“ на тема заплашување на младите преку современи алатки како мобилни телефони или интернет. Целта на филмот е да се подигне свеста кај младите луѓе за сајбер-насилството што е честа современа појава, како и ефектите од него врз жртвата и можните последици за оние што ја...
>>>
Вести од соработката | Збратимување на градови
21.08.2012

Во рамките на соработката меѓу градовите Дебар и Иф, 24 млади (12 од Македонија и 12 од Франција) ќе учествуваат на камп на Дебарското езеро, во кругот на Центарот за спорт во вода, во периодот од 23 до 31 август 2012 година. За време на престојот ќе бидат организирани разни активности со цел младите да го запознаат градот, културата и традициите. Предвидени се посети на верски објекти, театарот, како и на неколку градови како: Охрид, Струга и В...
>>>
Вести од соработката | Координација
21.08.2012
АЛДА во рамките на програмата за мултилатерална децентрализирана соработка „Франција-Балкан“ организираше семинар за туризмот во Тетово, во мај 2012 година. За време на семинарот, учесниците и експертите за туризам ја идентификуваа пречката за развојот на планинскиот туризам, но и за туризмот во целина поради фактот што туристичките водичи не познаваат странски јазици.
Како резултат на тоа, Амбасадата на Франција во Скопје одлучи да финансира обу...
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“