Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија има основна цел да придонесе за развојот на доброто локално владеење и рамномерниот регионален развој во двете територии. Оваа соработка се реализира преку преку размени на добри практики во повеќе области меѓу различни чинители како локални власти, здруженија на граѓани, образовни установи и приватен сектор.


Вести од соработката | Координација
02.10.2012
Делегација од Областа Мон Сен Мишел ќе ја посети Македонија од 1 до 6 октомври 2012 година. Целта на посетата е да се најдат заеднички интереси за соработка со Македонија во областа на туризмот и културата и да се вклучат во децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија.
Делегацијата ќе ги посети Скопје, Битола и Струга со цел да го запознае културното наследство и туристичкиот потенцијал. За време на четирите работни дена се пр...
>>>
Вести од соработката | Збратимување на градови
26.09.2012
Од 21 до 25 септември 2012 година, делегација од Општина Крушево беше во посета на Сен Жам. За време на посетата, делегацијата, составена од градоначалникот, претседателот на општинскиот совет и службеник од општината, ја посети медицинската установа, градинката, школската група и депонијата во Сен Жам. Македонската делегацијата го посети и саемот во Сен Масе. За време на овогодинешното издание на саемот беа организирани различни настани како: ек...
>>>
Вести од соработката | Координација
25.09.2012

Завршниот Управен одбор на петтата година од децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија се одржа од 19 до 22 септември 2012 година, во близина на плажата Омаха (плажите на сојузничкото истоварување) во Долна Нормандија. Средбата беше официјално отворена од страна на Ани Ан, регионална советничка и заменик-претседател задолжена за меѓународна политика, Александр Фоло директор на Дирекцијата за европски прашања и меѓународни о...
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“