Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија има основна цел да придонесе за развојот на доброто локално владеење и рамномерниот регионален развој во двете територии. Оваа соработка се реализира преку преку размени на добри практики во повеќе области меѓу различни чинители како локални власти, здруженија на граѓани, образовни установи и приватен сектор.


Вести од соработката | Развој на земјоделство
17.10.2012
По работилниците за подобрување на хигиената и квалитетот на млекото, организирани во рамките на оската „Развој на земјоделство“, беше составена и објавена брошура за хигиена на млекото на македонски јазик.
Брошурата е наменета за околу 300 членови на ФФРМ вклучени во процесот на производство на млеко. Целта на брошурата е да се обезбедат практични совети за подобрување на хигиената на млекото, да се резимираат препораките што експертите ги дадоа...
>>>
Вести од соработката | Координација
12.10.2012
Делегација од Областа Мон Сен Мишел ја посети Македонија во периодот од 1 до 6 октомври 2012 година. Центарот за институционален развој – ЦИРа и Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата - Локомотива ја придружуваа делегацијата за време на престојот и ги претставија туристичките и културните потенцијали на Македонија.
Целта на студиската посета беше двете страни да најдат заеднички интереси со цел да започнат соработка во областа на т...
>>>
Вести од соработката | Координација
05.10.2012
На 4 октомври 2012 година, Федерацијата на фармери на Република Македонија го одбележи своето десетгодишно постоење  со свеченоста во чии рамки беше претставена нејзината визија и мисија и нејзините соработки и партнерства со организации од регионот и Европската унија.
Веќе две години, ФФРМ во партнерство со француската организација за земјоделски развој - АФДИ се носители на оската „Развој на земјоделството“ која се спроведува во рамките на прог...
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“