„Златна маска“ за програмата за децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија
На 4 октомври 2012 година, Федерацијата на фармери на Република Македонија го одбележи своето десетгодишно постоење со свеченоста во чии рамки беше претставена нејзината визија и мисија и нејзините соработки и партнерства со организации од регионот и Европската унија.
Веќе две години, ФФРМ во партнерство со француската организација за земјоделски развој - АФДИ се носители на оската „Развој на земјоделството“ која се спроведува во рамките на програмата за децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија. Како дел од оваа оска во изминатиов период се спроведоа голем број на активности со цел да се зајакнат капацитетите на фармерите, а особено на млеко производителите од Македонија и Долна Нормандија, но и да се придонесе во градењето на земјоделска политика.
По повод својот јубилеј и резултатите од успешната соработка и спроведени активности, ФФРМ и додели признание „златна маска“ на програмата за соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија.
Активностите за јакнење на капацитетите на фармерите и млеко производителите ќе продолжат и во наредната година.