Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија има основна цел да придонесе за развојот на доброто локално владеење и рамномерниот регионален развој во двете територии. Оваа соработка се реализира преку преку размени на добри практики во повеќе области меѓу различни чинители како локални власти, здруженија на граѓани, образовни установи и приватен сектор.


Вести од соработката | Културни политики
08.11.2012

Како резултат на иницијативата за формирање на регионална мрежа за културата во рамките на проектот за децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија, од 26 октомври до 13 ноември 2012 година се одржуваат Регионални денови на културата во сите општини кои ги опфаќа Центарот за развој на пелагонискиот плански регион.
 
Регионални денови на културата претставува втора фаза од проектот за меѓународна соработка финансиран од Министерс...
>>>
Вести од соработката | Збратимување на градови
31.10.2012
Во Дебар, во месец октомври 2012 година, по единаесетти пат беше одржан фестивалот „Албански театар во Македонија“. По тој повод, театарска група од збратимениот град Иф беше поканета да учествува на фестивалот со своја изведба. Покрај театарската група од Иф, на фестивалот своја изведба имаа и театарски трупи од Македонија, Албанија, Косово и САД. Театарската група од Иф учествуваше на фестивалот со претставата „И крилјата мои се искинати како х...
>>>
Вести од соработката | Дигитални технологии
22.10.2012
На 18 и 19 октомври, со почеток во 10 часот, во просториите на Метаморфозис, се одржаа 2 вики-маратони. Овој пат, на маратоните учествуваа вкупно 14 учесници од Институтите за историја, археологија и архивистика при Филозофскиот факултет во Скопје.Маратоните започнаа со кратка обука за користење на платформата wiki.mk. Учесниците потоа следејќи ги чекорите за поставување, уредување и ажурирање на текстуални содржини и фотографии, започнаа индивид...
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“