Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија има основна цел да придонесе за развојот на доброто локално владеење и рамномерниот регионален развој во двете територии. Оваа соработка се реализира преку преку размени на добри практики во повеќе области меѓу различни чинители како локални власти, здруженија на граѓани, образовни установи и приватен сектор.


Вести од соработката | Млади
21.12.2012
Коалицијата на младински организации СЕГА е одржлива и развиена непрофитна младинска организација која делува на локално, национално и меѓународно ниво, долгорочен и сериозен партнер во имплементација на младински програми заедно со младите, НВО-и, државните институции и бизнис-секторот. СЕГА континуирано работи на застапување и лобирање на полето на младинската политика во РМ, ги поврзува и јакне младите со цел подобрување на нивната општа состо...
>>>
Вести од соработката | Збратимување на градови
17.12.2012
Делегација од Општина Карпош ќе биде во официјална посета во Флери-сур-Орн, Долна Нормандија, од 16 до 18 декември 2012 година.
 
Делегацијата од македонската општина ќе се сретне со своите колеги во Флери-сур-Орн со цел да се конкретизираат полињата на идна соработка во рамките на програмата за децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија. Според тоа, македонската делегација ќе оствари средба со претставници на разни сектори од...
>>>
Вести од соработката | Координација
10.12.2012

На 4 и 5 декември 2012 година во Институтот за ориентални јазици и култури (ИНАЛКО) се одржа меѓународниот научен симпозиум „ Македонски денови, дваесет години независност: биланс и перспективи“. Симпозиумот претставуваше одлична можност да се поттикнат експертите и научната заедница заедно да размислуваат и да разменуваат научни факти за историјата на Македонија од нејзиното осамостојување до денес и да се даде сеопфатен приказ за целата ситуац...
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“