Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Финализирање на второто триенале и дефинирање на цели за продолжување на соработката – завршен Управен одбор на петтата година од соработката

Printer-friendly versionSend to friend

Завршниот Управен одбор на петтата година од децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија се одржа од 19 до 22 септември 2012 година, во близина на плажата Омаха (плажите на сојузничкото истоварување) во Долна Нормандија. Средбата беше официјално отворена од страна на Ани Ан, регионална советничка и заменик-претседател задолжена за меѓународна политика, Александр Фоло директор на Дирекцијата за европски прашања и меѓународни односи и Сабин Гише Лебаји, раководител на секторот за меѓународна соработка и мобилност во Регионалниот совет на Долна Нормандија. Тие го истакнаа значењето на соработката, како и синергијата што постои помеѓу двете територии благодарение на спроведените активности и на взаемната поддршка. За време на отворањето, свое излагање имаа и Паскал Гале, аташе за соработка во Амбасадата на Франција во Скопје и Ријат Аземи, претставник на Министерството за локална самоуправа на Република Македонија. Тие истакнаа дека институциите кои ги претставуваат и даваат огромна поддршката на соработката и потсетија дека соработката е одлично прифатена во Македонија. Антонела Валморбида, директорка на Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА), Билјана Зашова, заменик-директорка, и Канцеларијата на соработката од Скопје го следеа настанот и дадоа свој придонес кон дефинирање на целите на програмата.

За време на трите работни дена партнерите на соработката вредно работеа со цел да ги утврдат целите и да ги откријат пречките и проблемите со кои се соочуваат, а дискутираа и за транзицијата кон новата тригодишна програма. Тандемите од партнери ги презентираа активностите што ги спровеле во текот на минатата година, зборуваа за тешкотиите со кои се соочиле и ги изготвуваа акционите планови.

Партнерите прецизираа дека размената на мислења и искуства останува основна цел на проектот и истакнаа дека во сите нивни активности ќе се придржуваат до принципот на реципроцитет, рамномерност и солидарност со цел да придонесат кон низа позитивни резултати. Тие исто така ќе го употребуваат методот на територијален пристап за развој.

При работењето произлегоа големите цели на програмата како: заложба за постигнување на трансверзалност на активностите, зајакнување на институционалната соработка, промовирање на програмата и поврзување на активностите на оските со оние на градовите.

Здружените напори и заложби меѓу партнерите за време на Управниот одбор дадоа позитивни резултати кои утврдија насоки за успешно продолжување на соработката.

 

Macedonian
25.09.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“