Обука на француски јазик за планинарски водичи од Република Македонија
АЛДА во рамките на програмата за мултилатерална децентрализирана соработка „Франција-Балкан“ организираше семинар за туризмот во Тетово, во мај 2012 година. За време на семинарот, учесниците и експертите за туризам ја идентификуваа пречката за развојот на планинскиот туризам, но и за туризмот во целина поради фактот што туристичките водичи не познаваат странски јазици.
Како резултат на тоа, Амбасадата на Франција во Скопје одлучи да финансира обука на француски јазик за пет македонски водичи.
Формуларот за пријавување треба да биде испратен пред 30 септември 2012 година. Точната адреса на којашто треба да се испратат формуларите ќе биде објавена на почеток на септември.
Селекцијата на кандидатите ќе се одвива во периодот од 1 до 15 октомври.
За повеќе информации контактирајте ја Марин Енри на marine.henry@aldaintranet.org
Macedonian
21.08.2012