Секоја година во Долна Нормандија 2 400 млади луѓе се откажуваат од образованието без да стекнат диплома. Тоа е темата на симпозиумот што Регионалниот совет на Долна Нормандија, Ректоратот и Универзитетот го организираа во средата, на 16 јануари во Универзитетот на Каен. Регионалниот совет и Ректоратот од одамна дејствуваат заедно за да се борат против откажување од образованието. Тие воспоставија механизам за превенција и за справување со проблемот на напуштање на образовните установи без да се стекнат квалификации.
Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) го објави повикот за меѓународната обука „Граѓанско учество и можности за финансирање за поддршка на партиципативни иницијативи“ што ќе се одржи од 11 до 15 март 2013 година, во Стразбур, Франција.
Целите на обуката се:
-да се збогати знаењето на учесниците за концептот на активно граѓанство и граѓанско учество во европски контекст,
Во вторникот, министерката за дигитална економија изјави дека би било подобро социјалната мрежа, којашто по ширењето на антисемитски твитови е повикана пред француските судови, да се прилагоди на културите на земјите како Франција во кои се шири.
Секторот на соларната енергија за само две години во Франција загуби 15.000 работни места, откако беа намалени субвенциите на француската Влада за развојот на овој сектор.
Во понеделникот се појавија новите податоци од пописот. Западот сè уште е дел од регионите коишто демографски се најдинамични. Анализа на Франсоа Кланше од „Инсее“ (Национален институт за статистика и економски студии).
Интервју
Дали бројот на население во Франција продолжува да расте?
Законот што го дефинира приведувањето како замена за притворот на лица без лични документи стапи на сила...
Законот што го дефинира приведувањето кое може да трае до 16 часа за да се замени притворот на лицата без лични документи, кое стана нелегално, и кој исто така го укинува прекршочното дело солидаризирање со лицата без лични документи беше објавен во вторникот во Службениот весник и на тој начин стапи на сила.
Во земјоделските комори ќе има избори во јануари. Социологот Роже Ле Ге вели дека во изминатите десет години, земјоделскиот пејсаж се измени и фармерите паднаа во вртлогот на пазарите.
Кои се големите промени кои го трансформираа земјоделскиот свет и фармерската дејност во изминативе десет години?
Земјоделецот суптилно навлезе во динамиката на пазарите. На пример, млекопроизводителите се под стрес поради нестабилноста на цените на млекото и нестабилноста на цените на добиточната храна.
Во интервју за Либерасион (Libération) министерот за образование, Винсен Пејон зборуваше за проектите за училиштата, особено за школската мапа или реформата на школското темпо. „Ќе изработиме нова поригорозна школска мапа“, изјави министерот за да се зголеми социјалната, но и школската разноликост наредната школска година од 2014 година. Целта е да се убедат родителите дека спортот не треба да се изостави од школската мапа.
На конференцијата „Да произведуваме поинаку“, министерот предложи целосно да се промени „француското земјоделство“
Навикнете се да го изговарате на секаков начин, во сите говори и во сите услови зборот „агроекологија“. Тој би требало дури и да го замени зборот „земјоделство“ во иднина. Всушност, Стефан Ле Фол во својот завршен говор на конференцијата „Земјоделство: да произведуваме поинаку“ изјави и потенцираше дека тоа е „новиот модел“ на француското земјоделство.
Во време кога министерката за култура и комуникации, Орели Филипети, го овластува Пјер Лескур да ја усогласи културната политика во ерата на дигиталните технологии, аудиовизуелната уметност се наоѓа во опасност. Системот за финансирање во Европа носи своевиден опасен парадокс: француските продуценти се поттикнати да работат и создаваат надвор од границите на Франција. Помошта која се нуди во разни европски земји е далеку позначителна од онаа во Франција. И обратно, условите што им се нудат на странските продуценти се поповолни од оние за домашните автори.