Фармерите паднаа во вртлогот на пазарите
Во земјоделските комори ќе има избори во јануари. Социологот Роже Ле Ге вели дека во изминатите десет години, земјоделскиот пејсаж се измени и фармерите паднаа во вртлогот на пазарите.
Кои се големите промени кои го трансформираа земјоделскиот свет и фармерската дејност во изминативе десет години?
Земјоделецот суптилно навлезе во динамиката на пазарите. На пример, млекопроизводителите се под стрес поради нестабилноста на цените на млекото и нестабилноста на цените на добиточната храна.
Не се работи единствено за економски проблем. Тоа е исто така социјален и политички феномен: јавната власт се повлекува од раководењето на пазарите. Таа им дава повеќе моќ на земјоделскиот и на прехранбениот сектор во кои индустријалците и малопродажните индустрии имаат диригентска моќ врз купувачот.
Како се адаптираат земјоделците?
Тие одговараат на отвореноста на пазарите со специјализирање и со зголемување на продуктивноста на работата. Тоа од нив бара голема економска и социјална способност за адаптација, отпор и издржливост наспроти кризите. Како резултат, има сè поразлични професионални светови со различни интереси за земјоделството и сточарството.
Цените на земјоделските култури имаат тенденција да растат поради зголемување на светското население и зголемување на потрошувачката на месо.
Сточарските фарми кои ги употребуваат пченката и пченицата за да прехранување на добитокот, се соочуваат со тешкотии бидејќи трошоците за нивно производство се зголемуваат. Исклучок се оние кои имаат доволно земја за самите да ја произведуваат храната за стоката. Тоа предизвикува тензии за земјиштето: земјоделците ги зголемуваат своите фарми и на тој начин се наоѓаат во меѓусебна конкуренција.
Земјоделството и сточарството – две спротивставени планети?
Поврзувањето на земјоделството и сточарството е голем предизвик. Тоа може да се постигне преку договори меѓу земјоделската и сточарската дејност за да се ублажат флуктуациите на пазарите или преку механизми за професионална солидарност. Што согледуваме? Житопроизводителите, закотвени зад компјутерите го набљудуваат движењето на суровините и се обидуваат долгорочно да ја оптимизираат продажбата на своето производство на пазарите. Кооперативите им предлагаат на житопроизводителите да ги пласираат своите производи во нивно име. А не е едноставно кога се предлагаат договори за две, три или четири години. Се наметна одредена краткорочност.
Сточарството е особено погодено
Зголемувањето на земјиштето создава интересен ефект: со зголемена површина заминувањето во пензија на еден од партнерите значи затворање на една штала. Сточарите си велат: „Зошто да се мачам да произведувам млеко или свинско месо без задоволителен приход?“
Зошто наместо тоа да не станеме житопроизводители?
Површини со големи земјоделски култури се шират во срцето на сточарските фарми во северозападот на Франција. Една четвртина од фармите исчезнале во последните десет години. Во професионалната атмосфера доминира сè поголемо чувство на изолација, на ослабување на техничката поддршка кое може да предизвика обесхрабрување и да го забрза намалувањето на сточарството. Индустриските партнери на земјоделците од неодамна прашуваат за идната профитабилност на нивните фабрики.

Macedonian
28.12.2012
Извор: Уест Франс (Ouest France)