Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Антисемитски твитови: Флор Пелерен изјави дека Твитер треба да се адаптира на француската правна рамка

Printer-friendly versionSend to friend
 
Во вторникот, министерката за дигитална економија изјави дека би било подобро социјалната мрежа, којашто по ширењето на антисемитски твитови е повикана пред француските судови, да се прилагоди на културите на земјите како Франција во кои се шири.
 
Флор Пелерин има цврст став. Твитер е повикан пред францускиот суд откако ширеше антисемитски твитови, а министерката за дигитална економија во вторникот изјави дека подобро би било социјалната мрежа да се прилагоди на културите на земјите во кои се шири, како Франција.
 
„Твитер неодамна отвори канцеларија во Франција и најверојатно сака да се шири во Европа, па затоа сметам дека подобро би било да се прилагоди на правните, филозофските и етичките култури на земјите во кои сака да се развива“, објасни таа за време на интервјуто за информативниот канал „LCI“.
 
Министерката увери дека француската влада „е во постојана дискусија“ со раководителите на американската мрежа и дека тие се целосно „приемчиви“. „Тие знаат дека треба исто така да се прилагодат на различните правни култури како и на основните слободи во земјите каде што работат и сметам дека тие се отворени за дискусија“.
 
Случајот #добаревреин
Во вторникот за време на итно закажаното рочиште во првостепениот суд во Париз, Твитер изјави дека не може да ги даде податоците што ќе овозможат да се идентификуваат оние кои пишувале расистички или антисемитски твитови без да имаат дозвола од американската судска власт. 
 
Социјалната мрежа беше повикана на суд во ноември од страна на Унијата на еврејски студенти на Франција (UEJF) и од здружението „Обвинувам – меѓународна акција за правда“ по ширењето на антисемитски твитови поради хаштаговите #добаревреин (#unbonjuif) и #мртовевреин (#unjuifmort).
 
„Тешкотијата пред која сме исправени денес е тоа што се соочуваме со компанија што има седиште во Соединетите Американски Држави каде што слободата на изразување е поизразена и затоа треба да најдеме заеднички јазик“, изјави министерката на Франција.
 
„Сметам дека се работи за прашање на принцип за компанијата која преку една судска одлука сака да знае кој е законот што се применува за нејзините акции“, додаде таа.
 
На прашањето кои мерки ги предвидува владата, министерката истакна дека треба „да се преговара со Твитер за да се повлече содржината и хаштаговите кои се спорни и се добие идентитетот на лицата кои постојано објавуваат содржини од таква природа".
 
„Понатаму, треба заедно со нив да се дефинира степенот на неприфатливост на ваквите содржини. Сето тоа треба да има форма на преговори, а не правна борба“, истакна таа.
 

 

Macedonian
11.01.2013
Извор: Експрес (L'Express)

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“