Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Ле Фол: деца на агроекологијата ајде да дејствуваме!

Printer-friendly versionSend to friend
На конференцијата „Да произведуваме поинаку“, министерот предложи целосно да се промени „француското земјоделство“
 
Навикнете се да го изговарате на секаков начин, во сите говори и во сите услови зборот „агроекологија“. Тој би требало дури и да го замени зборот „земјоделство“ во иднина. Всушност, Стефан Ле Фол во својот завршен говор на конференцијата „Земјоделство: да произведуваме поинаку“ изјави и потенцираше дека тоа е „новиот модел“ на француското земјоделство.
 
За да се „спознаат“ искуствата, „да се прошират и поттикнат“ да се промовираат земјоделски техники кои помалку бараат пестициди, да се истакне „анаеробното разградување“ на отпадот и само на отпадот, „интензивно“ да се користи сонцето со цел да им се постават цели на Националниот институт за земјоделско истражување, на земјоделските средни училишта и на земјоделските комори за промовирање на агроекологијата: многу зборови беа искажани за време на конференцијата кои имаат одлична намера.
 
За сега, тоа е амбициозна визија, слоган кој добро одѕвонува, а пред сè мисија и извештај доверени на Марион Гију. Стефан Ле Фол отворено ги разви своите аргументи и успеа да поттикне динамичност кога истакна: „Треба да се премине од една тенденција на оспорување или потврдување на старото кон една нова фаза“. А таа е комплетно менување на француското земјоделство. 
 
Некои од учесниците сметаат дека се направил еден чекор напред: „ работите се менуваат во главата, кажа Никола Имбер од „Грин Крос Франс е Теритоар“ (Green Cross France et Territoires). Конференцијата беше одлична можност да се присилат и едните и другите со цел да сфатат дека треба да се мобилизираат. Перцепцијата полека се менува“.
 
Уште да се најде мотор 
 
Можеби, но има огромен ризик: во земјоделскиот свет кој е многу поделен и сè повеќе разединет поради различни интереси, секој би се преправал дека го пронашол она што му одговара во овој ладен говор. Претставник на една невладина организација негодува: „Ле Фол е фин, но сепак би требало во одреден момент да почне да ги усогласува шифрираните одлуки. Времето на глаголот е земено предвид.“ 
 
Министерот за земјоделство изрази критика: „тој зборува за претходно менување на „начинот на размислување“ за да се усогласат економијата и екологијата во присуство на Делфин Бато, министер за екологија и на Женевиев Фиоразо, министер за истражување. „Не сме до таму да зборуваме за големи пари“, кажа Ле Фол. Не знаеме колкав е буџетот, а реформата на Заедничката земјоделска политика не е заокружена.“ На кратко, министерот има трактор, поле и идеи на векот како замена за семиња. Останува уште да се најде моторот за да тргне тракторот.
 

 

Macedonian
18.12.2012
Извор: Ле Нувел Обсерватер (Le Nouvel Observateur)

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“