Франција ги зголемува капацитетите за производство на соларна енергија
Секторот на соларната енергија за само две години во Франција загуби 15.000 работни места, откако беа намалени субвенциите на француската Влада за развојот на овој сектор.
Француската Влада го обелодени планот со кој предвидува двојно поголеми капацитети за производство на соларна енергија, јави дописникот на МИА од Париз.
Според овај план, капацитетите за производство на соларна енергија треба да достигнат илјада мегавати и истовремено цената на откупената соларна електрична енергија ќе биде зголемена за десет отсто во споредба со класичната енергија. Планот беше претставен од министерката за енергија Делфин Бато, при посетата на француската фабрика за производство на соларни паноа - МПО, која се наоѓа во западна Франција.
Таа притоа оцени дека зголемувањето на капацитетите за производство на соларна енергија ќе доведат до инвестиции во износ од две милијарди евра во овој сектор.
Сепак субвенциите за купување поскапа соларна електрична енергија од малите фотоволтаични фарми, ќе биде само за оние фрами на кои се инсталирани соларни паноа изработени во Европа.
Секторот на соларната енергија за само две години во Франција загуби 15.000 работни места, откако беа намалени субвенциите на француската Влада за развојот на овој сектор.
Новите мерки на француската Влада во полза на развојот на соларната енергија се дел од определбите на францускиот претседател Франсоа Оланд за енергетска транзиција.
Macedonian
08.01.2013
Извор: press24.mk