Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Меѓународна обука „Граѓанско учество и можности за финансирање за поддршка на партиципативни иницијативи“

Printer-friendly versionSend to friend
Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) го објави повикот за меѓународната обука „Граѓанско учество и можности за финансирање за поддршка на партиципативни иницијативи“ што ќе се одржи од 11 до 15 март 2013 година, во Стразбур, Франција. 
 
Целите на обуката се:
- да се збогати знаењето на учесниците за концептот на активно граѓанство и граѓанско учество во европски контекст,
- да се зголеми свесноста за улогата што учесниците може да ја имаат за да ги подобрат односите меѓу граѓаните и управата на сите нивоа,
- да добијат информации за постоечките средства за финансирање, пред сè за програмата „Европа за граѓаните“,
- да се понуди знаење за тоа како да се развие успешен проект во рамките на различните акции на програмата „Европа за граѓаните“ и другите можности за финансирање за граѓанските иницијативи.
 
На интензивната обука ќе се спроведат различни ефективни методи за учење со цел да се охрабри поголема интеракција помеѓу учесниците и обучувачите. Во фокусот на обуката ќе биде и изучување на стручна терминологија поврзана со Европската унија, фондовите на ЕУ и менаџирање на проектниот циклус според процедурите на ЕУ.
 
На обуката можат да се пријават: професионалци и волонтери кои управуваат организации или институции, советници за развој на кариера, организации од граѓанскиот сектор, службеници од локалните власти, државни службеници, социјални работници.
 
Групата обучувачи ќе биде координирана од Марко Боариа кој работи како координатор на одделот за ресурси и развој во АЛДА.
 
АЛДА е една од најголемите организации во Европа која управува со фондовите за програмата „Европа за граѓаните“ и која работи во областа на граѓанско учество. АЛДА е мрежа што здружува 170 членови, локални власти и организации од граѓанскиот сектор од цела Европа. 
 
Трошоците за учество на обуката изнесуваат 750 евра за пет дена.
 
За повеќе информации обратете се до : 
Алфонсо Алиберти
Association of Local Democracy Agencies
Rue des Confédérés, 47
1000 Brussels
Тел. +32 (0) 274 201 61 
Моб: +32 (0) 470 66 57 69
skype : alfonso.aliberti
web: www.alda‐europe.eu
 
Macedonian
16.01.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“