Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Попис : руралните места имаат најдобар резултат

Printer-friendly versionSend to friend
Во понеделникот се појавија новите податоци од пописот. Западот сè уште е дел од регионите коишто демографски се најдинамични. Анализа на Франсоа Кланше од „Инсее“ (Национален институт за статистика и економски студии).
 
Интервју
 
Дали бројот на население во Франција продолжува да расте?
 
Населението во Франција се зголеми за 1,4 милиони жители во периодот помеѓу 2006 и 2010 година. Населението расте со два пати побрзо темпо отколку просечното темпо во Европа. Зошто? Има две главни причини. Бројот на родени деца по жена или како што ние го нарекуваме стапка на фертилитет останува малку поголем од две деца.
И ефектот на пирамида на возраста. Денес, постарите генерации, родени меѓу двете светски војни, не се многубројни. Бројот на смртни случаи е релативно мал. Од друга страна, бројот на лица кои се во репродуктивен период останува висок. Пресметано е дека годишно има околу 570 000 смртни случаи наспроти речиси 820 000 родени деца.
 
Во кои региони има зголемување на населението? А во кои има намалување?
 
Бретања и Лоара се меѓу шесте најдинамични региони. Останатите од групата се: Аквитанија, Југ-Пиринеи, Лангдок-Русијон и Рона-Алпи. Во Долна Нормандија порастот на населението е според националниот просек, а Лорена, Северот, Бургоња, Оверњ имаат слаб, дури и никаков раст.
 
Во кои општини има зголемување на населението?
 
Општините во кои има помалку од 10 000 жители имаат најдобар резултат. Многу подобар од градовите со средна големина кои бројат 20 000 жители и повеќе. Една од причините е демографската динамика на предградијата: општините кои се наоѓаат во близина на некој голем град имаат пристап до работа и услуги, а во исто време имаат простор на располагање и пристапни цени на недвижнини. Овој феномен беше уште повеќе нагласен помеѓу 2006 и 2010 година. Тука се земаат предвид и недостатоците како начинот на превоз и трошоците за патување.
 
Дали центрите на големите агломерации ќе губат жители? 
 
Општо земено, бројот на населението се зголемува помалку во центарот на градот отколку во блиското предградие и околните населби. Центарот на градот ги привлекува студентите, младите, постарите лица, но семејствата со деца претпочитаат да се населат во предградието.
 
Дали долго ќе трае трендот со пораст на населението во Франција?
 
Порастот главно се должи на поголемиот број на родени деца отколку на смртни случаи. Во иднина, бројот на смртни случаи ќе се зголеми, „baby-boom“ генерацијата ќе остари. Бројот на родени деца и на смртни случаи би можел да се изедначи за педесетина години. Тогаш, ќе бидеме речиси 70 милиони жители. 
 

 

Macedonian
04.01.2013
Извор: Уест Франс (Ouest-France)

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“