Лица без лични документи : крај за прекршочното дело солидаризирање со лицата без лични документи
Законот што го дефинира приведувањето како замена за притворот на лица без лични документи стапи на сила...
Законот што го дефинира приведувањето кое може да трае до 16 часа за да се замени притворот на лицата без лични документи, кое стана нелегално, и кој исто така го укинува прекршочното дело солидаризирање со лицата без лични документи беше објавен во вторникот во Службениот весник и на тој начин стапи на сила.
Текстот предвидува и право на помош од адвокат и го укинува прекршокот нелегален престој во Франција. Тоа значи дека може да се задржат само оние лица кои влегуваат на нелегален начин. Законот следи по одлуката на Врховниот суд кој во јули забрани употреба на мерката притвор за да се провери дали престојот на странците е регуларен.
Оттогаш, полицијата не може да ги задржи лицата без лични документи повеќе од четири часа за да им го провери на идентитетот. Овој рок го поттикна министерот за внатрешни работи Мануел Вал да предложни нова правна рамка.
Да се избегне контролата што се врши според физичкиот изглед
Прекршочното дело солидаризирање со лицата без документи за лична идентификација предизвика бура од емоции помеѓу здруженијата за заштита на странците. Парламентот дефинитивно даде зелено светло за текстот на 20 декември.
Новиот закон пропишува дека полицијата може да изврши контролира врз некое лице „само доколку објективните елементи на надворешниот изглед на лицето прават тој да делува како странец“. Според адвокатот Стефан Можендер, претседател на Групата за информирање и поддршка на имигрантите („Gisti“) „целта е да се одбегне вршење контрола според физичкиот изглед иако во пракса нема ништо да се смени“.
Приведувањето „не може да трае повеќе од 16 часа“ за странец кој не може да достави валидни документи. „На странецот не смее да му се стават лисици или синџири освен доколку се смета“ дека е опасен или дека ќе избега.
Крај на прекршочното дело солидаризирање со лицата без лични документи
На лице кое не е жител на Европската унија, а нелегално влегува на територијата на Франција може да му биде изречена максимална казна од една година затвор и 3,750 евра парична казна. Судот може „меѓу другото, да му забрани на осудениот странец да влегува или да престојува во Франција во рок од најмногу три години“ и да одлучи да го избрка „во случај на истекување на казната на затвор“.
Прекршочното дело солидаризирање поради кое повеќе лица беа осудени бидејќи им помагале на лицата без лични документи е укинато. Прекршочното дело помош при нелегален престој сè уште постои освен во случај кога се работи за „хуманитарни акции и акции за помош“.
Поконкретно, помошта при нелегален престој не претставува повеќе прекршок „ако сомнителното дело не предизвикало никакво директна или индиректна последица“ и ако „се работи за давање правни совети и услуги за прехранување, сместување или медицинска нега кои имаат за цел да се обезбедат достојни и пристојни услови за живот за странци или друг вид на помош која има за цел да се зачува физичкото достоинство и интегритет на личност“.
Терминот „последица“ го поттикна Ме Можендр да реагира:„За пари? За работа на црно? За какви било услуги? Тоа е многу опширно. (...) Ова оди во добра насока, но тоа не го елиминира целосно прекршочната одговорност за помош при престој“, смета тој.
Macedonian
04.01.2013
Извор: 20minutes.fr