Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Вести од соработката Subscribe to RSS - Вести од соработката

Macedonian

Вести од соработката

Меѓународен младински форум во Каен, 29 мај - 8 јуни (Франција)

Европскиот младински парламент (EYP) организира меѓународен младински форум, како дел од комеморацијата по повод седумдесетгодишнината од Денот Д и Битката на Нормандија, од 29 мај до 8 јуни 2014 година, во градот Каен, Франција. Инспириран од овие водечки историски настани, овој форум има за цел да ја покаже способноста на младите луѓе да креираат една нова и современа Европа, основана врз своите фундаментални вредности.  Форумот е отворен за сите млади луѓе од Европа, но и од други земји во светот, кои учествувале во Битката на Нормандија, а кои се на возраст од 18 до 25 години.
Macedonian

Слобода на медиумите и слобода на говорот во Македонија

Во текот на следната недела, Институтот за Човекови права и мир од Каен, кој е дел од децентрализираната соработка меѓу Македонија и Долна Нормандија, заедно со Амбасадата на Република Франција во Македонија, за време на два работни дена ќе се фокусираат на темите слобода на медиуми и слобода на говор.
 
Macedonian

Усвоена локална младинска стратегија на Град Скопје

На 30 јануари 2014 година советниците на Советот на Град Скопје едногласно ја усвоија Локалната Младинска Стратегија на Град Скопје. Целта на оваа стратегија е да се подобри животот на младите луѓе во Град Скопје преку нивно активно вклучување во процесите на локално ниво.
 
Macedonian

Соработката Долна Нормандија / Македонија активна и во новата три-годишна програма на мрежата Франција-Балкан

На 9 јануари 2014 година, членовите на Програмата за мултилатерална децентрализирана соработка Франција-Балкан одржаа состанок во Париз. На средбата се дискутираше за изминатите активности во рамките на оваа соработка, но посебен акцент беше ставен на продолжувањето на соработката во следните 3 години. Повеќе од 15 претставници на локалните и регионалните власти од Франција, меѓу кои и регионот Долна Нормандија, дискутираа за начинот на кој ќе се продолжат активностите со партнерите од Југоисточна Европа.
 
Macedonian

Канцеларијата на соработката Долна Нормандија/Македонија стана акредитирана организација за европски волонтери

Канцеларијата на соработката Долна Нормандија/Македонија, претставувана од подружницата АЛДА Скопје, доби акредитација да делува како организација за испраќање, примање и координација на европскиот волонтерски сервис (ЕВС), во рамките на програмата Млади во акција. Европскиот волонтерски сервис ги промовира младите, мобилноста, активното граѓанско учество, солидарноста и неформалното образование, како и меѓукултурниот дијалог.
 
Macedonian

Партнерите од соработката Долна Нормандија/Македонија се обучуваат за партиципативната демократија

Седум претставници на локалните власти од Македонија, воедно и партнери во соработката меѓу Долна Нормандија и Македонија, учествуваа на обуката – Граѓанско учество и можности за финансирање со цел да се поддржат иницијативите за учество. Обуката, организирана од страна на АЛДА и на регионот Дона Нормандија, се одржа од 18 до 22 ноември во Стразбур.
 
Macedonian

Ученици од Берово на посета во Ливаро, Франција

Дванаесет ученици од основното училиште Дедо Иљо Малешевски- Берово престојуваа во Ливаро, Франција, од 2 до 9 декември 2013 година. По едногодишна размена преку компјутерските алатки за комуникација преку интернет, учениците добија прилика да ги посетат нивните пријатели од Ливаро. Тие поминаа прекрасна недела во Нормандија при што целосно ја исполнија нивната агенда. Имено, за време на престојот ја посетија фабриката за сирење Грендорж и имаа едукативна работилница за производство на сирење.

Macedonian

СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ ПРАЗНИЦИ!

Канцеларијата на соработката Долна Нормандија / Македонија од сè срце ви ги честита новогодишните празници. Секое добро!

 

 

 

Macedonian

Универзитетот на Долна Нормандија се претстави на Саемот на студии во Скопје

На 8ми ноември во Скопје се одржа салонот за студии во Франција. Овој настан, организиран од Францускиот културен институт во Скопје и Амбасадата на Франција, на младите луѓе, нивните родители, како и на македонските професори им овозможи да се сретнат со претставници на различни француски универзитети. Целта е да се добијат информации за студиските програми кои им се достапни на македонските студенти, како и информации за постапката која треба да се исполни.
Macedonian

Втор ден на компаративен преглед на француско-македонското право на тема „административно право“

Амбасадата на Франција во Скопје и Меѓународниот институт за човекови права и мир, на 7ми ноември 2013 во Скопје, го организираа Вториот ден на француско-македонско компаративно право. По првото одржување на овој настан во февруари 2013 година, второто беше посветено на темата „административно право“. Во текот на овој ден, бројни предавачи од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  и Универзитетот од Каен, како и правници од Долна Нормандија говореа за различни аспекти од оваа конкретна гранка на правото.

Macedonian

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“