Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Втор ден на компаративен преглед на француско-македонското право на тема „административно право“

Printer-friendly versionSend to friend

Амбасадата на Франција во Скопје и Меѓународниот институт за човекови права и мир, на 7ми ноември 2013 во Скопје, го организираа Вториот ден на француско-македонско компаративно право. По првото одржување на овој настан во февруари 2013 година, второто беше посветено на темата „административно право“. Во текот на овој ден, бројни предавачи од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  и Универзитетот од Каен, како и правници од Долна Нормандија говореа за различни аспекти од оваа конкретна гранка на правото.
Децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија беше поканета да земе учество на настанот, во чие име присуствуваше Александар Фолот, раководител на службата за Надворешни работи и меѓународни односи од регионот Долна Нормандија. Тој воедно беше претседавач на попладневната сесија.
Оваа активност имаше за цел да овозможи размена на знаења и да отвори дискусија за разликите во францускиот и македонскиот правен систем. Ова воедно се надоврзуваше на Реформата на администрацијата која се спроведува од страна на владата на Македонија, со цел да се постигне хармонизација со правото на Заедницата.

 

Macedonian
08.11.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“