Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Универзитетот на Долна Нормандија се претстави на Саемот на студии во Скопје

Printer-friendly versionSend to friend
На 8ми ноември во Скопје се одржа салонот за студии во Франција. Овој настан, организиран од Францускиот културен институт во Скопје и Амбасадата на Франција, на младите луѓе, нивните родители, како и на македонските професори им овозможи да се сретнат со претставници на различни француски универзитети. Целта е да се добијат информации за студиските програми кои им се достапни на македонските студенти, како и информации за постапката која треба да се исполни.
Универзитетот од Каен – Долна Нормандија беше претставен од страна на Ноеми Ларуј, раководител на Carré International при Универзитетот од Каен. Со оглед на тоа што е универзитетски град, Каен нуди одлични можности за странските студенти.
Во новата фаза од соработката помеѓу регионот Долна Нормандија и Македонија се предвидува зголемување на можностите за универзитетска соработка. Веќе се остварени првите контакти помеѓу Правниот факултет во Каен и Правниот факултет во Скопје, кои веќе работеа на заеднички проекти. Соработката се однесува на создавање можности за размена на студенти.
Овој салон за студии е дел од студентските патувачките денови кога се посетуваат повеќе земји во регионот: Србија, Црна Гора, Македонија и Бугарија. Тој се спроведува од страна на Амбасадата на Франција во Софија и Campus France од Софија, заедно со Амбасадата на Франција и службата Campus France во секоја од горе-наведените земји.
На левата страна на фотографијата се наоѓа г-ѓа Ноеми Ларуј, раководител на  Carré International при Универзитетот во Каен, а на десната страна е г-ѓа Лоренс Оер, амбасадор на Република Франција во Скопје.

 
фотографија : Француската амбасада во Скопје

На левата страна на фотографијата се наоѓа г-ѓа Ноеми Ларуј, раководител на  Carré International при Универзитетот во Каен, а на десната страна е г-ѓа Лоренс Оер, амбасадор на Република Франција во Скопје.

Macedonian
08.11.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“