Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Канцеларијата на соработката Долна Нормандија/Македонија стана акредитирана организација за европски волонтери

Printer-friendly versionSend to friend
Канцеларијата на соработката Долна Нормандија/Македонија, претставувана од подружницата АЛДА Скопје, доби акредитација да делува како организација за испраќање, примање и координација на европскиот волонтерски сервис (ЕВС), во рамките на програмата Млади во акција. Европскиот волонтерски сервис ги промовира младите, мобилноста, активното граѓанско учество, солидарноста и неформалното образование, како и меѓукултурниот дијалог.
 
Ќе ни претставува големо задоволство да ги придружуваме младите волонтери во нивните нови искуства и вештини, со цел активно да учествуваат во европското општество.
 
Акредитацијата е валидна до февруари 2017.
Macedonian
13.02.2014

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“