Меѓународен младински форум во Каен, 29 мај - 8 јуни (Франција)
Европскиот младински парламент (EYP) организира меѓународен младински форум, како дел од комеморацијата по повод седумдесетгодишнината од Денот Д и Битката на Нормандија, од 29 мај до 8 јуни 2014 година, во градот Каен, Франција. Инспириран од овие водечки историски настани, овој форум има за цел да ја покаже способноста на младите луѓе да креираат една нова и современа Европа, основана врз своите фундаментални вредности. Форумот е отворен за сите млади луѓе од Европа, но и од други земји во светот, кои учествувале во Битката на Нормандија, а кои се на возраст од 18 до 25 години. Младите од Македонија, исто така можат да се пријават и да учествуваат на овој форум во Каен во знакот на демократијата, слободата и Европа. Пријавувањето трае до 14 март 2014 година.
Настанот ќе обедини 150 млади луѓе од Европа и светот, кои ќе дискутираат на движечките теми на форумот: комеморацијата, сеќавањето и заедничката историја. Активностите, по моделот на Европскиот парламент, ќе се одвиваат во вид на обуки и дебати, со цел преку историјата подобро да се изгради иднината на Европа.
Комплетната програма, едноставниот процес на аплицирање, повикот за учество и сите детали во врска со форумот, се достапни на француски јазик и на англиски јазик.
За останати информации, пратете им порака на организаторите на следнава адреса: caen2014@pejfrance.org
Европскиот младински форум од Франција е непрофитно здружение и е член на мрежата на Европскиот младински парламент.
Macedonian
12.03.2014