Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Партнерите од соработката Долна Нормандија/Македонија се обучуваат за партиципативната демократија

Printer-friendly versionSend to friend
Седум претставници на локалните власти од Македонија, воедно и партнери во соработката меѓу Долна Нормандија и Македонија, учествуваа на обуката – Граѓанско учество и можности за финансирање со цел да се поддржат иницијативите за учество. Обуката, организирана од страна на АЛДА и на регионот Дона Нормандија, се одржа од 18 до 22 ноември во Стразбур.
 
На овој меѓународен настан учествуваа претставници на локалните власти, професори и членови на невладини организации од Македонија, Романија, Грција, Турција, Унгарија и Италија. Сите заедно дебатираа на тема граѓанско учество и улогата на граѓаните во европски рамки. За време на обуката посебен акцент беше ставен врз размената на идеи и споделување на локалните искуства и најдобрите практитки за зајакнување на врските на европско ниво.
 
Македонските учесници, кои доаѓаат од различни општини и градови во земјата, имаа можност да ги зајакнат своите професионални капацитети. Тие покажаа најголем интерес за европските проекти, односно за целата процедура околу менаџирање на еден проект. Најзначајни за нив, сепак беа информациите за тоа како соодветно да се дефинираат целите на еден проект и како да се остварат добри и долгорочни партнерства.
 
Вистина е дека процедурата за пријавување на повик на европски проекти не е толку комплексна сама по себе, истакна Јадранка Стефкова од Општина Велес. Но, сега е многу појасно како да се одбере програма која ќе и` одговара на мојата општина, а според тоа ќе се дефинираат и целите кои ќе бидат соодветни на правилата во повикот на проекти.
 
Учеството на македонските државни службеници на оваа обука беше остварено во рамките на децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија. Соработката се стреми кон зајакнување на локалната демократија со подигање на свеста кај вработените во локалната самоуправа, обука на државните службеници и промоција на граѓанското учество во Македонија и во Долна Нормандија.
 
За време на четиридневната посета, учесниците исто така имаа можност да го посетат Советот на Европа, каде присуствува на „Презентација на стратегијата на АЛДА“ пред членовите на Советот.

 

Macedonian
02.12.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“