Во Долна Нормандија се одржа семинар во соработка со меѓународниот институт за човекови права и мир за користењето на информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) за зајакнување на демократските практики. Една од целите на семинарот беше и да се анимира мрежата на мултилатералната програма за децентрализирана соработка Франција-Балкан околу темите за информирање на граѓаните преку медиумите, со помош на ИКТ.
Оска на соработка: Дигитални технологии
Носители на проектот
Спроведувањето на процесот на децентрализација во Република Македонија бара се поголема вклученост на информатичко комуникациските технологии (ИКТ) за подобрување на учеството на граѓаните во јавниот процес на одлучување и локалната власт. Новите технологии претставуваат движечка сила во воведувањето на реформите во јавната администрација за да се овозможи поголема отвореност на институциите во однос граѓаните.
Се повеќе и повеќе, граѓаните се свртени кон нови форми на информирање. Ова бара поголемо создавање на е-содржини со локални новости.
Политиката на Регионот Долна Нормандија во областа на дигиталниот развој се потпира врз заедничка визија на локалните единици, официјализирани со Стратегијата за регионална кохеренција и дигитално уредување.
Цели
• Подобрување на дигиталните капацитети на локалните заедници во Долна Нормандија и Македонија;
• Користење на информатичко комуникациските технологии (ИКТ) за зајакнување на граѓанското учество во процесот на одлучување и локално управување;
• Создавање на терен за работа преку јавен пристап до Интернет.
Главни активности
• Меѓународна конференција за граѓанското учество преку новите медиуми одржана во Скопје, во 2009 год.;
• Размена на искуства меѓу аниматорите во дигиталните клубови во Македонија и Долна Нормандија;
• Конференција на тема „ Интернет простор и човекови права“ во Каен, Франција 2011 год.;
• Создавање на вики портали за промовирање на содржини на локално и регионално ниво;
• Уредување на водич за користење на вики портали и обука на млади за користење на вики порталите како алатка за промовирање на териториите.
Macedonian
Најнови вести
Вести од соработката |
Дигитални технологии
01.04.2011
Април 2011; Скопје, Велес, Дебар (МК) - Овој месец Фондацијата Метаморфозис одржа обуки за користење на Wiki.mk. На обуките организирани во Скопје (16.04.2011), Велес (08.04.2011) и Дебар (01.04.2011) учесниците се запознаа со Вики софтверот и неговата употреба.