Метаморфозис
КОНТАКТ
Име на организацијата: Фондација Метаморфозис
Адреса: ул. Апостол Гусларот број 40, 1000 Скопје, Македонија
Интернет страница: www.metamorphosis.org.mk
Телефон, Факс: +389 2 3109 325
Лице за контакт: Ирина Шумадиева
Е - mail: irina@metamorphosis.org.mk
ИСТОРИЈАТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Метаморфозис започна со работа во 1999 година како дел од програмата за електронско издаваштво на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија. Во 2004 година стана посебен правен субјект.
ВИЗИЈА/МИСИЈА
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество преку употреба на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ).
ЦЕЛИ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
• Развој на демократијата и просперитетот, преку промоција на општество базирано на знаење;
• Промоција на употребата на информатичко-комуникациските технологии како соодветно средство за развој на отвореното општество.
ГЛАВНИ АКТИВНОСТИ
• Обезбедување неповратни средства (грантови), награди, кредити и друга финансиска помош на еднократна или континуирана основа на физички и правни лица кои делуваат во согласност со целите на Фондацијата;
• Подигнување на свеста за информатичко-комуникациските технологии;
• Иницирање процеси за унапредување на општестественото окружување за развој на општеството базирано на знаење;
• Обезбедување конкретни информациски, комуникациски и технолошки решенија за намалување на дигиталниот јаз;
• Развој на стратегии и политики за примена на информациската и комуникациската технологија.
Macedonian