Во рамките на соработката Долна Нормандија / Македонија, фондацијата Метаморфозис во соработка со локалните партнери, фондацијата Фокус од Велес и Центарот за одржлив развој од општината Дебар, организираа два „wiki“ маратони. Целта на овие маратони е промоцијата на алатката „wiki“ како средство за споделување на локални информации за македонските општини.
Оска на соработка: Дигитални технологии
Носители на проектот
Спроведувањето на процесот на децентрализација во Република Македонија бара се поголема вклученост на информатичко комуникациските технологии (ИКТ) за подобрување на учеството на граѓаните во јавниот процес на одлучување и локалната власт. Новите технологии претставуваат движечка сила во воведувањето на реформите во јавната администрација за да се овозможи поголема отвореност на институциите во однос граѓаните.
Се повеќе и повеќе, граѓаните се свртени кон нови форми на информирање. Ова бара поголемо создавање на е-содржини со локални новости.
Политиката на Регионот Долна Нормандија во областа на дигиталниот развој се потпира врз заедничка визија на локалните единици, официјализирани со Стратегијата за регионална кохеренција и дигитално уредување.
Цели
• Подобрување на дигиталните капацитети на локалните заедници во Долна Нормандија и Македонија;
• Користење на информатичко комуникациските технологии (ИКТ) за зајакнување на граѓанското учество во процесот на одлучување и локално управување;
• Создавање на терен за работа преку јавен пристап до Интернет.
Главни активности
• Меѓународна конференција за граѓанското учество преку новите медиуми одржана во Скопје, во 2009 год.;
• Размена на искуства меѓу аниматорите во дигиталните клубови во Македонија и Долна Нормандија;
• Конференција на тема „ Интернет простор и човекови права“ во Каен, Франција 2011 год.;
• Создавање на вики портали за промовирање на содржини на локално и регионално ниво;
• Уредување на водич за користење на вики портали и обука на млади за користење на вики порталите како алатка за промовирање на териториите.
Macedonian
Најнови вести
Вести од соработката |
Дигитални технологии
18.05.2012
Mеѓународната конференција „Слобода и приватност на интернет“,организирана од Метаморфозис во партнерство со Институтот за човекови права и мир во Каен, Франција, како дел од долгогодишната децентрализирана соработка помеѓу Македонија и регионот Долна Нормандија, ќе се одржи во Скопје, во салата City Hall на 21 и 22 мај.