Во Струмица се одржа семинар на тема европските приоритет и потреби на младите на локално ниво со цел воспоставување соработка на локално, регионално и национално ниво меѓу младите од Долна Нормандија-Франција. На семинарот што го организира Коалицијата на младински организации „Сега“ во соработка со „Европска куќа“ од Каен присуствува претставници на петнаесет општини од Македонија.
Во рамките на Европската година на волонтерството, по повод денот на Европа, Европската куќа од Каен, Долна Нормандија и градот Eровил-Сен-Клер се поврзаа со други партнери и понудија интерактивен ден наменет на младите од 14 до 25 години од околината на Каен. Основна цел на овој настан, на кој учествуваа околу 400 луѓе беше да се поттикне интересот и да се олесни разбирањето на уредите за мобилност и волонтерство во Европа.
Во периодот од 03 до 07 април тимот на Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА, заедно со извршниот директор на Коалиција СЕГА, советник од Локалната самоуправа Струмица и претставник од одделот ЛЕР на општина Штип присуствуваа на студиската посета за Мрежата за младинско информирање, Локалното партнерство и модалитетите на негово спроведување во Долна Нормандија, Франција.