Средба преку видеоконференција – Форум „Волонтерство и мобилност на младите во Европа”
Во рамките на Европската година на волонтерството, по повод денот на Европа, Европската куќа од Каен, Долна Нормандија и градот Eровил-Сен-Клер се поврзаа со други партнери и понудија интерактивен ден наменет на младите од 14 до 25 години од околината на Каен. Основна цел на овој настан, на кој учествуваа околу 400 луѓе беше да се поттикне интересот и да се олесни разбирањето на уредите за мобилност и волонтерство во Европа.
На големиот број работилници, младите ги споделија своите искуства на темите за интер-културната мобилност и активно граѓанство и учеството на проекти со европска димензија. Учеството се зголеми особено за време на видеоконференцијата со Македонија, односно со градовите: Прилеп, Охрид и Штип.
Размената на информации, но и на фотографии и филмови беше олеснета преку напорите на македонските ученици да зборуваат на француски јазик. Тие ја имаа поддршката од своите професори и од аниматорите на овој настан во Македонија, Коалицијата на младински организации СЕГА.
Овој вид на средба кај младите ги прошири знаењата за обработените теми и го покажа личното збогатување кое произлегува од учеството во доброволна активност и вреднувањето на волонтерството.
Macedonian
11.05.2011