Во периодот од 3—8 јули, претставници од областа на туризмот од регионот Долна Нормандија го посетија југозападниот регион. Делегацијата од Долна Нормандија се сретна со повеќе претставници од областа на туризмот во Македонија.
Во рамките на Европската година на волонтерството, по повод денот на Европа, Европската куќа од Каен, Долна Нормандија и градот Eровил-Сен-Клер се поврзаа со други партнери и понудија интерактивен ден наменет на младите од 14 до 25 години од околината на Каен. Основна цел на овој настан, на кој учествуваа околу 400 луѓе беше да се поттикне интересот и да се олесни разбирањето на уредите за мобилност и волонтерство во Европа.
Сандрин Фанже, шеф на одделението за развој на туризмот од Долна Нормандија беше во кратка посета на Македонија. Целта на посетата беше да се подготви теренот за мисијата во јули со претставниците од туризмот од Долна Нормандија. За таа цел беа остварени средби со одговорните туристички работници во Скопје и Охрид, меѓу другите и од секторот за туризам во министерството за економија и општина Охрид.