Во периодот од 3—8 јули, претставници од областа на туризмот од регионот Долна Нормандија го посетија југозападниот регион. Делегацијата од Долна Нормандија се сретна со повеќе претставници од областа на туризмот во Македонија.
Сандрин Фанже, шеф на одделението за развој на туризмот од Долна Нормандија беше во кратка посета на Македонија. Целта на посетата беше да се подготви теренот за мисијата во јули со претставниците од туризмот од Долна Нормандија. За таа цел беа остварени средби со одговорните туристички работници во Скопје и Охрид, меѓу другите и од секторот за туризам во министерството за економија и општина Охрид.