Во периодот од 03 до 07 април тимот на Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА, заедно со извршниот директор на Коалиција СЕГА, советник од Локалната самоуправа Струмица и претставник од одделот ЛЕР на општина Штип присуствуваа на студиската посета за Мрежата за младинско информирање, Локалното партнерство и модалитетите на негово спроведување во Долна Нормандија, Франција.