Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Анализирани европските приоритети и потреби на младите на локално ниво

Printer-friendly versionSend to friend
Во Струмица се одржа семинар на тема европските приоритет и потреби на младите на локално ниво со цел воспоставување соработка на локално, регионално и национално ниво меѓу младите од Долна Нормандија-Франција. На семинарот што го организира Коалицијата на младински организации „Сега“ во соработка со „Европска куќа“ од Каен  присуствува претставници на петнаесет општини од Македонија.
Учесниците имаа можност да разговараат за начините на спроведување на политиките на младите од страна на општините и можноста за младите да го зголемат своето учеството во развојот и работата на општините. Преку воспоставувањето на врски и споделувањето на искуствата од Франција, но и од Македонија во насока на поддршка на младите во општините, присутните се запознаа со искуствата за актуелните младински политики од двете земји.
 
Гостите од Долна Нормандија ја посетија и општина Струмица каде со нејзините претставници ги идентификуваа можностите за подолгорочна соработка. Една од нив е и размената на ученици од повеќе профили за која веќе постои интерес од двете страни.
Macedonian
19.08.2011

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“