Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Најнови вести од соработката помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија Subscribe to Најнови вести од соработката помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија

Вести од соработката | Млади
17.02.2014
На 30 јануари 2014 година советниците на Советот на Град Скопје едногласно ја усвоија Локалната Младинска Стратегија на Град Скопје. Целта на оваа стратегија е да се подобри животот на младите луѓе во Град Скопје преку нивно активно вклучување во процесите на локално ниво.
 
>>>
Вести од соработката | Координација
13.02.2014
Канцеларијата на соработката Долна Нормандија/Македонија, претставувана од подружницата АЛДА Скопје, доби акредитација да делува како организација за испраќање, примање и координација на европскиот волонтерски сервис (ЕВС), во рамките на програмата Млади во акција. Европскиот волонтерски сервис ги промовира младите, мобилноста, активното граѓанско учество, солидарноста и неформалното образование, како и меѓукултурниот дијалог.
 
>>>
Вести од соработката | Координација
13.01.2014
На 9 јануари 2014 година, членовите на Програмата за мултилатерална децентрализирана соработка Франција-Балкан одржаа состанок во Париз. На средбата се дискутираше за изминатите активности во рамките на оваа соработка, но посебен акцент беше ставен на продолжувањето на соработката во следните 3 години. Повеќе од 15 претставници на локалните и регионалните власти од Франција, меѓу кои и регионот Долна Нормандија, дискутираа за начинот на кој ќе се продолжат активностите со партнерите од Југоисточна Европа.
 
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“