Дванаесет ученици од основното училиште Дедо Иљо Малешевски- Берово престојуваа во Ливаро, Франција, од 2 до 9 декември 2013 година. По едногодишна размена преку компјутерските алатки за комуникација преку интернет, учениците добија прилика да ги посетат нивните пријатели од Ливаро. Тие поминаа прекрасна недела во Нормандија при што целосно ја исполнија нивната агенда. Имено, за време на престојот ја посетија фабриката за сирење Грендорж и имаа едукативна работилница за производство на сирење.