На 8ми ноември во Скопје се одржа салонот за студии во Франција. Овој настан, организиран од Францускиот културен институт во Скопје и Амбасадата на Франција, на младите луѓе, нивните родители, како и на македонските професори им овозможи да се сретнат со претставници на различни француски универзитети. Целта е да се добијат информации за студиските програми кои им се достапни на македонските студенти, како и информации за постапката која треба да се исполни.
Вести од соработката |
Координација
01.11.2013
Во текот на месец октомври, Флер Елуин, млада ликовна уметничка од Долна Нормандија, оствари едномесечен ликовен престој во Македонија.
Ова искуство ѝ беше овозможено благодарение на финансиската поддршка на Францускиот институт во Париз и регионот Долна Нормандија.
Вести од соработката |
Координација
29.10.2013
Во рамките на соработката меѓу Долна Нормандија и Македонија, се објавува повик за проекти за 2013-2014 година, за активности во Долна Нормандија и Македонија на следниве три теми:
- Сеќавање и помирување
- Зачувување на културно наследство,
- Човекови права.
Предуслов за добивање на финансиска поддршка е проектите да предвидуваат импакт во Долна Нормандија и во Македонија во согласност со предложените теми.