Туризмот и културното наследство се секогаш актуелни теми во децентрализираната соработка. Со цел да се промовираат градовите во Македонија и нивниот потенцијал на овие теми, организацијата „Солидарни хоризонти (Horizons Solidaires)“ објави издание за Македонија на француски јазик. Во него можат да се најдат статистики, локални примери, интервјуа и други извори на информации за туризмот и културното наследство.
Вести од соработката |
Координација
16.05.2014
Денес, на 16 мај 2014 година, се одржа јавна дискусија на тема Човекови права, во старата чаршија во Скопје. Оваа дискусија отвори многу важни прашања поврзани со кривичните дела од омраза кај младите од Македонија и од Франција. Во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Институтот за човекови права и мир од Каен, оваа динамична дискусија воедно беше и вовед во следната активност на нивната соработка – Летната школа за Човекови права на младите, која ќе се одржи во август 2014 година, во Македонија.
Вести од соработката |
Координација
15.05.2014
Од 2008 година група професори од средното училиште Мермоз заедно со учениците води проект на тема борбите на Балканот за време на Првата Светска војна.
Веќе шест години, тројца професори од средното училиште Жан-Мермоз работат на темелни истражувања за сеќавање на Источната армија, која се бореше на Балканот за време на Првата Светска војна помеѓу 1915 и 1918 година. „Источниот фронт не е доволно познат, недоволно истражувања се направени“, посочува Пјер Бенаби, еден од професорите по книжевност и историја од Вир.